Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајанов и Богоевски: По изборите ќе се формира Специјален суд

0
By Нова ТВ on November 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Носителите на кандидатските листи за пратеници на Коалицијата за демократија и правда, Павле Трајанов и Слободан Богоевски денеска на прес конференција пред Специјалното јавно обвинителство побараа да се формира специјален суд за предметите на СЈО.

https://www.youtube.com/watch?v=i8IyAKTrD4U

Трајанов, носител на листата на изборната единица 1, нагласи дека СЈО мора да продолжи да работи транспарентно, одговорно и професионално, како и да има целосна поддршка за да се справи со сите што ја попречуваат правдата.

„По 11 декември ќе направиме царски рез во судството и ќе формираме посебно судско одделение кое ќе постапува по кривичните пријави на СЈО. Веќе објавивме војна против криминалот и таа војна ќе би силна, непристрасна и секој мора тоа што го украл од народот да го врати назад и да помине 10 години во “Бизнис Центарот во Идризово”“, рече Трајанов.

Тој додаде дека СЈО не е дел од изборниот процес и од тие причини мора да работи со полн капацитет. А заканите за укинување биле класична манипулација, од „аболираното партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ кое со изборите сака да го прикрие грабежот на народот и масовното прислушување“.

Богоевски, кој е носител на листата во ИЕ 4 рече дека „СЈО мора да продолжи со работа, затоа што тоа е орган на прогонот и симбол на народната волја за справување со криминалот на злосторничкото здружение предводено од фамилијата на власт“.

„Специјални обвинителства и судови секогаш и секаде се формирале за специјални криминали и криминалци. Секогаш ќе ја имаат нашата силна поддршка“, рече Богоевски.

коалиција за промени и правда Павле Трајанов СЈО Слободан Богоевски Специјален суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.