Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајанов-Нема уставни и деловнички пречки, Собранието може да заседава

0
By Нова ТВ on May 17, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Уставниот суд, на утрешната седница, да ја поништи Одлуката за самораспуштање на Собранието, со одложена примен, и истото да продолжи со работ.. Ова го побара на денешната прес-конференција претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник – Павле Трајанов, кој вели дека нема ниту уставни, ниту деловнички пречки за Собранието да заседава.
„Демократскиот сојуз, врз основа на стручната анализа и компаративните искуства, оценува дека Одлуката за самораспуштање на Собранието (донесена на 23.02.2016), со одложена примена, ė спротивна на Уставот, здравиот разум и правната логика.
Закажаниот датум, 5  јуни 2016 година, е ништовен и на тој ден не може да се одржат избори.
Факт е дека на 23 февруари, Собранието, донесе одлука за самораспуштање, при што согласно Уставот (член 63 став 3), изборите требаше да се одржат во рок од 60 дена односно најдоцна до 23 април 2016 година.
Собранието продолжи да работи и после 23 април, и изборите не се одржаа во рокот предвиден со Устав. Поради тоа, сосема е логично дека, 5 јуни е датум кога не може да се одржат избори и затоа треба да се свика седница на Собранието и формално да се поништи решението на претседателот на Собранието на Република Македонија за одржување на вонредни парламентарни избори.
Демократскиот сојуз, во целост ги прифаќа издвоените мислења на тројцата судии на Уставниот суд (Елена Гошева, Наташа Габер – Дамјановска и Исмаил Дарлишта), кои ги прифатија аргументите на ДС, дека Одлуката за самораспуштање на Собранието со одложено дејство е спротивна на Уставот и дека Уставниот суд треба да ја прифати иницијативата на ДС за оценување на Уставноста и по неа да донесе Одлука.“ вели Трајанов.
Инаку за утре закажана е седница на Уставниот суд со  точка на дневен ред „Оценување на уставноста и одлуката за распуштање на Собранието“ по иницијатива на ДУИ.

Информацијата за седницата на која ќе се расправа по оваа иницијатива е објавена утрово, на интернет-страницата на Уставниот суд и таа е единствена точка на дневен ред.

Во меѓувреме до Уставниот суд е поднесена уште една иницијатива, која  се однесува на на аболицијата на 56 лица, политичари и нивни соработници, од претседателот Ѓорге Иванов, односно за преоценка на членот 11 од Законот за помилување на кој претседателот Иванов ја темели одлуката за аболиција.

Демократски сојуз. Трајанов избори Собрание. Уставенс уд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.