Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајанов за РСЕ: Ова се случува само во авторитарни држави

0
By Нова ТВ on March 15, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 15, 2015 11:00

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз кој е дел од владината коалиција, во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека ваквото прислушување се случува само во авторитарни држави.

На прашањето на новинарот дали тој бил дал оставка ако е на местот на Гордана Јанкуловска, Трајанов вели:

“Знаете, мислам дека полека е нагризан интегритетот на повеќе министри, вклучително и на министерот за внатрешни работи и тоа е личен чин, оставката, доколку некој чувствува лична одговорност од морални причини, тоа треба да го направи во спротивно, мислам дека парламентот треба да отвори расправа, сериозна расправа, и да го утврди степенот на одговорност на секој носител на јавна функција и да донесе соодветни заклучоци. Ние мора да го расчистиме до крај овој случај или оваа мега афера за да не се повтори никогаш повеќе. Значи, ние постојано имаме злоупотреба на овие системи, од 90-тите години наваму постојано имаме и никогаш докрај не сме ги расчистиле. Знаете овие работи се специфични само за авторитарни држави, тогаш кога тој што практично ја води државата сака да има информации, да навлезе во интимата на секој граѓанин, на секој носител на јавна функција и мислам дека тоа е погрешниот пристап и резултат на еден таков начин на владеење се случуваат вакви работи.”

Иако неговата партија е дел од владината коалиција Трајнов не најавува дека е подготвен да излезе од коалицијата која остро ја критикува.

Тој вели дека одговорноста за ова што се случува во Македонија паѓа врз власта и смета дека не чувствува лична одговорност:

“Кампањата што ја водеше Демократскиот сојуз заедно со коалиционите партнери, зборувам за она што ние бевме информирани, беше сосема согласно постоечките правила и прописи, така што апсолутно не чувствувам одговорност, ниту, пак, е нарушен мојот интегритет како пратеник, затоа што некој друг се дрзнал да ги крши правилата, тоа не го поддржувам и барам сосема јавно, повикувам работите докрај да се расчистат и сите оние што се инволвирани, ако тоа се докаже тоа во една законска процедура, за тоа треба да сносат одговорност.”

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

ВЕСТИ July 18, 2026

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација…

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.