Со Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ќе раководи Трајче Пеливанов додека шефицата Вилма Русковска е под суспензија. Тој беше предложен од Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески и избран на седница на Советот на јавни обвинители.

Пеливанов едногласно мина во Советот на јавни обвинители, откако во петокот беше потврдена на Русковска чиј мандат на чело на Обвинителството е до ноември. Тој ќе остане на чело на ОЈО ГОКК до завршување на суспензијата на Русковска или до избор на нов шеф на Обвинителството.

Пеливанов беше дел од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) од 2015 година до 2019 година, а претходно (2009 – 2015 година) работел во Основното јавно обвинителство Скопје. Во ОЈО ГОКК е од лани, кога беше оценет со 25 поени за извршување на работните обврски.