Вељановски ја повика опозицијата да и се придружи на власта во битката за одбрана на уставното име и идентитет, но воедно ја обвини за кодошење.
„Народот не му дал на никого мандат по белосветските метрополи да ветува промена на името. Оваа битка ќе ја извојуваме доколку, наместо во медиуми на други држави опозицијата да ја обвинува Македонија, пред македонските да даде поддршка на Владата во намерата за одбрана на името. Оваа голема препрека ќе ја извојуваме, доколку наместо да ја кодошиме својата земја, ќе ја браниме заедно со луѓето кои сега тоа го прават“ истакна претседателот на Собранието Трајко Вељановски на свечената академија по повод одбележувањето на 120-годишнината од Денот на македонската револуцинерна борба.
Понатаму во говорот тој директно ја повика опозицијата да застанела на иста страна со нив, како што вели тој.
„Од оваа говорница подавам рака. Ве повикувам да свртите нов лист. Ве повикувам наместо по белосветските метрополи да барате поддршка ветувајќи за возврат промена на името, да ја побарате поддршката од народот стоејќи заедно со нас во одбрана на името“, рече тој.




