Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајковски: На 26 април ми кажаа дека ќе се влегува во Собрание

0
By Нова ТВ on December 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ссвоја одбрана на денешното судењето за организираниот напад во Собранието на 27 април денеска даде и обвинетиот Влатко Трајковски, еден од групата која влезе во Собранието. Обвинетиот Влатко Трајковски рече дека ВМРО ДПМНЕ се надевала на подобри резулатати на изборите, но излегле катастрогфални. Еден ден  пред да почнат протестите пред ДИК  бил повикан на состанок на кој му рекле дека ќе има протести и треба да бидат што помасовни.

„Се насмеав, зошто секогаш беше едното исто и им реков што сега после свадба тапани“ рече обвинетиот Трајковски.

Пред да започнат протестите на „За заедничка Македонија“ на 27 февруари лани, Трајковски кажа дека после полноќ му се јавиле и го викнале на состанок, на кој било речено дека ќе има протести .

„Секој ден се собиравме, се потпишувавме. Ни беше речено да не носиме партиски знамиња оти се правеше маска пред светот дека ВМРО-ДПМНЕ не е организатор. На протестите видов и луѓе од обезбедувањето на Сашо Мијалков, команданти на алфите и други началници“, рече обвинетиот Трајковски.

На 26 април по завршувањето на мирните протести, истакна, кога се вратил дома другар му кажал дека го бараат некои луѓе кај Чаче во кафана.

„Отидов, тројца не знаев, а еден познавав така по видување. Утре може ќе се влага во Собрание. Прашав кого ќе утепуваме внатре, а ми рекоа ти нема да утепуваш, туку треба да пазиш на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и на претседателот Трајко Вељаноски и работата да не излезе од контрола. Му реков не сум супермен не можам се сам, ми рекоа не се секирај не си сам, ќе има и други луѓе, ама нема да се знаете. Ми рекоа целта е да се предизвика што поголем хаос и да се заплашат пратениците. Му реков не е добро, зошто 2001 влеговме ама бевме полиција, а сега ќе бидеме затворени. Ми рекоа дали си со нас или против нас, не се секирај за последиците ќе има луѓе од ДБК што ќе ве штитат“ рече Трајковски.

На 27 април се упатил кон Собранието попладнето.

„ Кога стигнав забележав народ како се собира и седнав на една од клупите во жена парк. Таму го сретнав Маријан (Маци), рече Трајковски.

„ Тогаш Маци отиде некаде и се врати и ми рече Луди, ќе се влегува во Собрание и се упативме.  Пред да влезам во Собранието ја извадив фантомката, зошто знам дека е кривично дело, и како верник влегов со десна нога. Влегов во собраниската сала, каде почна да се пее и јас се качив на столче со кренати раце и почнав да пеам и јас. Потоа се упатив кон канцеларијата на Вељаноски“ рече Трајковски.

Тој негираше дека се обидел со ПП апарат да го нападне пратеникот Сашко Коцев, како што пишува во обвинението.

„Пратеникот Коцев ме навреди и ме нарече хулиган. Јас се изнервирав, отидов, го земав ПП апаратот и го испрскав“ рече Трајковски.

Остануваат уште четворица обвинети да дадат своја одбрана.

Претходно своја одбрана даде обвинетиот Игор Југ.

 

27.април Игор Југ Трајковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.