Трактори беа паркирани во текот на ноќта околу паркот Пионер, каде со денови престојуваат студенти кои велат дека „сакаат да учат“ или „сакаат да бидат студенти“, пренесува Нова.рс
Екипата на Нова.рс која утринава беше во Пионерскиот пар увиде дека бројот на возила е многу поголем, а повеќето од нив немаат регистрација или ги сокриле регистрациите.
Ден пред протестот, тракторите беа донесени на видно место – веднаш спроти Собранието на Србија, веднаш до кампот на т.н „студенти 2.0“.