Почнува златна ера за Америка, објави претседателот Доналд Трамп претставувајќи ги делумно реципрочните царини за производи од целиот свет.
Тарифите се посебно скроени за секоја земја, вообичаено со двојно пониска стапка од царините за увоз на американски производи, но не и пониски од 10%:
20% за стоки увезени од Европската Унија,
10% за производи од Британија и Бразил,
34% за Кина, 24% за Јапонија, 32% за Тајван.
Целиот свет, и пријатели и непријатели нè искористуваа, се богатеа на наша сметка. Не повеќе. Ќе ја направиме Америка повторно богата, изјави Трамп.
Тарифите особено ќе ги погодат големите извозници на автомобили во САД како Јапонија, Јужна Кореја и Германија, и на чипови како за Тајван.
Европската Унија и други традиционални сојузници на САД најавија дека ќе возвратат на царините.