Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп го смени советникот за национална безбедност Мајк Волц

0
By Zoran Ivanov on May 1, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот претседател Доналд Трамп го смени советникот за национална безбедност Мајк Волц и го назначи државниот секретар Марко Рубио за негов привремен заменик, што е првата значајна промена во внатрешниот круг на Трамп откако тој ја презеде функцијата во јануари.

Трамп во објава на социјалните мрежи изјави дека ќе го номинира Волц за амбасадор во Обединетите нации, додавајќи дека тој „работел напорно за да ги стави интересите на нашата нација на прво место“.

Претходно истиот ден, извори изјавија дека Трамп одлучил да го отстрани Волц од неговата позиција во Белата куќа, а како опција за оваа позиција се споменуваше специјалниот пратеник Стив Виткоф, задолжен за дипломатијата со Русија и Украина и Блискиот исток.

Изборот на Трамп за Рубио како замена за Волц е привремен и ќе биде првпат од Хенри Кисинџер во 1970-те едно лице да ги извршува функциите државен секретар и советник за национална безбедност. Советникот за национална безбедност е моќна улога која не бара потврда од Сенатот.

Заменикот на Волц, Алекс Вонг, експерт за Азија, кој беше задолжен за Северна Кореја за време на првиот мандат на Трамп, исто така ја напушта Белата куќа, изјавија две лица запознаени со ситуацијата.

Волц, 51-годишен републикански пратеник од сојузната држава Флорида, се соочи со критики откако случајно додаде новинар во група на Signal каде што високите безбедносни функционери дискутираа за бомбардирањето во Јемен.

За тој инцидент одговорноста ја презема Волц, велејќи дека зад безбедносниот пропуст поврзан со американските напади во Јемен тој самиот ја презема одговорноста откако новинар бил вклучен во групата на платфомата Signal којашто тој ја оформил. Валц тогаш сугерираше дека е можно да има снимен телефонски број на новинарот за кој мислел дека е на некој друг. Белата куќа тогаш соопшти дека нема протечени никакви доверливи информации кога планот за напад врз Хутистите во Јемен по грешка бил споделен со новинарот, а Трамп рече дека неговиот советник го научил урокот.

 

волц смени Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.