Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп го зголемува воениот буџет на САД за огромни 9 проценти

0
By Нова ТВ on February 28, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доналд Трамп ќе го зголеми буџетот на Пентагон за 54 милијарди долари или во проценти, за 9 отсто. Со ова новата администрација на САД сака да одговори на “опасниот свет”. Зголемување на буџетот на одбраната ќе биде компензирано со намалување на американската хуманитарна помош.

Денес Трамп треба за прв пат да му се обрати на Конгресот и во тој говор тој ќе го презентира буџетот за 2018 година. Според Белата куќа, со овој буџет Трамп ќе најави дека ќе го исполни своето ветување од изборната кампања за заштита на Американците.

Ова ќе биде најголемото зголемување на воениот буџет на САД од времето на администрацијата на Роналд Реган од 80те години, вели директорот на Буџетот Мик Малвени. Во врска со намалувањето на хуманитарниот буџет на САД, тој додава дека отсега ќе се трошат помалку во странство а повеќе дома.

“Ние мораме да победиме, ние мораме да почнеме повторно да го добиваме војните”, изјави Трамп пред американските гувернери. И додаде:

“Кога бев млад, сите велеа дека ние никогаш не губиме војна. Се сеќавате? Америка никогаш не губеше. А сега, ние никогаш не добиваме војна”.

Новата американска власт подвлекува дела ова е само почеток на процесот и засега одбива да даде детали за, на пример, буџетот на американската дипломатија или агенцијата за заштита на животната околина.

Воениот буџет претставува половина од буџетот за функционирање на федералната држава.

“Повеќе ќе дознаете во вторник. Тоа ќе биде голем настан, порака до светот во овие опасни времиња, околу определбата и силата на Америка”, изјави Трамп најавувајќи го својот говор во Конгресот. Тој пред неколку дека рече дека ова ќе биде “најголемото зајакнување на моќта на војската во историјата на Америка”.

Според демократите, ова зголемување ќе биде “на штета на програмите за заштита на средната класа кои го штитат граѓаните од Вол Стрит и програми кои обезбедуваат квалитет на воздухот и водата” во САД.

Претходниот претседател Обама го намали буџетот на војската со повлекувањето на американските трупи ов Авганистан и Ирак. И покрај тоа американскиот воен буџет беше најголемиот во светот во моментов изнесува 600 милијарди долари односно 3,3 отсто од бруто националниот приход на САД.

Овој буџет е поголем од буџетот на Кина и осум пати поголем од буџетот на Русија, тврди шведскиот институт Сипри.

 

воен буџет Пентагон Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.