На израелскиот ѕид на Западниот брег осамна нов графит на кој се бакнуваат претседателот на САД, Доналд Трамп, и израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.
Авторот на графитот е од Австралија, кој себе си се нарекува Лушсукс, и рече дека графитот го насликал за да укаже дека Палестинците се „затворени во овој простор“.
„Ѕидот е порака за себе. Не морам да пишувам „Ослободете ја Палестина“ или нешто слично, затоа што тоа луѓето едноставно ќе го игнорираат“, изјави уметникот за Ројтерс.