Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежи објави дека Индија и Пакистан се спогодиле на прекин на огнот.
По долга ноќ разговори посредувани од САД, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан постигнаа целосен и моментален прекин на огнот, напиша Трамп.
Трамп додаде дека е задоволен и испрати пофалби до двете земји поради „користењето на здравиот разум и интелегенција“.