Склучувањето билатерален трговски договор со Канада стана „многу тешко“, откако премиерот Марк Карни вчера објави дека неговата земја има намера да ја признае палестинска држава во септември на Генералното собрание на ОН, предупреди денес американскиот претседател Доналд Трамп.
Канада штотуку објави дека ја поддржува палестинската држава. Ова ќе ни го отежни многу склучувањето трговски договор со нив, напиша Трамп на Truth Social.