Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп ќе и се обрати на нацијата – никој не очекува ништо ново

0
By Нова ТВ on January 30, 2018 СВЕТ
Доналд Трамп
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува на своето прво обраќање до нацијата пред двата дома на Конгресот.

Согласно традицијата, во ударен вечерен термин, пренесуван во живо на сите кабелски телевизии – конгресмените, сенатори, креирачите на политика, аналитичарите, во САД, но и светската јавност, се очекува да ги слушне приоритетите на претседателот Трамп за 2018, на домашен и на надворешно-политички план.

Претставници на Белата куќа наведуваат дека тој ќе се осврне врз „градењето безбедна, силна и горда Америка“.

Освен за економскиот бум на САД последните 12 месеци, трговијата и имиграцијата, претседателот Трамп се очекува да се осврне дека Америка повторно се враќа на глобалната сцена, притоа наговестувајќи ги акутните предизвиците во надворешна политика, конкретно, мерките против Северна Кореја, Иран, Авганистан.

Трамп одржа говор пред двата дома на Конгресот и лани, но тоа не се сметаше за годишно обраќање за состојбите во нацијата зашто беше само неколку недели по неговата победа за влез во Белата куќа. Годинава, се очекува фокусот да биде на силната економија.

“Бројките за невработеноста се најниски. Берзите бележат рекорди“, се очекува да нагласи Трамп. Меѓутоа, економскиот растеж, барем засега, не му донесе јакнење на поддршката меѓу јавноста во последните анкети. Демократите негодуваат дека не е јасен со приоритетите.

Обраќањето на Трамп ќе биде шанса да ја обнови поддршката во јавноста, смета републиканецот стратег Мортон Блеквел.

Говорот на Трамп доаѓа во време на длабока политичка поделеност во земјата.

-Ваквите обраќања со голем медиумски публицитет – нудат можност за повторно преставување на своите политички принципи пред гласачите, потсетуваат аналитичарите.

Истрагата на специјалниот советник Роберт Мулер за руското мешање во изборите во САД и поврзаноста со официјални лица блиски до претседателот Трамп, се очекува да биде главно прашање кое ќе го дефинира исходот од делумните конгресни избори во ноември. Истрагата е облак кој постојано виси над актуелната администрација во Вашингтон и ќе се наметне како една од темите за гласачите во ноември.

 

годишно обраќање 2018 Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.