Доналд Трамп подготвува нова наредба за имиграцијата која ќе биде објавена следната недела.
Новиот американски претседател денес изјави дека ќе објави нов документ за борба против имиграцијата откако минатата наредба беше блокирана од американските судови.
“Ние се подготвуваме да објавиме нов декрет следната недела кој целосно ќе ја заштити нашата земја”, изјави Трамп.
Претходната наредба беше издадена на 27 јануари но беше блокирана од судството. Овој текст бараше затворање на американските граници за жители на седум муслимански земји и за бегалците.