Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со лидерите на Германија, Франција, Британија и Канада лично им ја објаснил одлуката на САД да се повлечат од Договорот за борба против климатските промени, соопшти Белата куќа.
Трамп разговарал со Меркел, Макрон, Трудо и Меј, а во соопштението од Белата куќа се вели дека тој ги „уверил лидерите дека Америка останува посветена на трансатлантската алијанса и дека ќе ги зајакне напорите за заштита на животната средина“, пренесува Ројтерс.
Претходно, Италија, Франција и Германија во заедничко соопштение истакнаа дека жалат за одлуката на Трамп да се повлече од Парискиот договор и ја отфрлија неговата сугестија дека глобалниот договор треба да биде ревидиран.