Вашингтон: Американскиот претседател Доналд Трамп, потпиша извршна уредба за планот за продажба на американското работење со ТикТок на американски и глобални инвеститори, во согласност со законот од 2024 година според кој апликацијата ќе биде забранета ако нејзините кинески сопственици не ја продадат.
Според уредбата, ТикТок ќе биде во мнозинска сопственост и под контрола на американски субјекти.
Како што соопшти Белата куќа, договорот вклучува интензивно следење на ажурирањата на софтверот, алгоритмите и протокот на податоци.
Кинеската компанија ByteDance и нејзините подружници ќе поседуваат помалку од 20 проценти од новиот заеднички проект, со кој ќе управува нов управен одбор, во согласност со правилата што „соодветно ги штитат податоците на Американците и националната безбедност“, се наведува во уредбата.