Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Sидот доаѓа

0
By Нова ТВ on January 4, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 4, 2019 09:31

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно на социјалните мрежи ја употреби репликата од серијата „Игра на престолот“, но овојпат поради ѕидот на границата со Мексико.

На фотографија, која Трамп ја сподели, се наоѓа тој заедно со натписот „Ѕидот доаѓа“, алудирајќи на популарниот слоган од таа серија – „Зимата доаѓа“.

Ова не е првпат американскиот претседател да го употреби тој слоган, со цел да се „пресмета“ со противниците.

Во ноември минатата година заедно со својата фотографија го објави и натписот „Санкциите доаѓаат“, што беше упатено кон Иран.

Во серијата „Игра на престолот“ ѕид од мраз го штити фантастичното средновековно царство. Но, последните настани во серијата покажуваат дека ефикасноста на тој ѕид е под знак на прашање.

Проблемот на Трамп е што од вчера американските Демократи имаат мнозинство во Претставничкиот дом и очигледно ќе направат се за да му го комплицираат претседателскиот мандат на Доналд Трамп во наредните две години.

Демократите имаат намера да отворат истраги за “руската афера”, се закануваат со процедура за “импичмент”, најавуваат откритија за даночните измами на Трамп, а ќе се занимаваат и со имиграцијата, здравството или климата, теми за кои со Трамп се на сосема поинаква бранова должина.

Но, првата задача на Демократите и на Трамп, е да се најде решение за “shutdown” кој ја парализира американската администрација од 22 декември 2018 година. Демократите веќе го исправија пред Трамп првиот предизвик а тоа се привремени буџетски мерки што ќе дозволат деблокирање на админстрацијата. Тие сакаат да се покажат како «разумни» наспроти «каприците» на Трамп. Но проблем е тоа што овие мерки не ги содржат петте милијарди долари што Трамп ги бара за градење на ѕидот на границата со Мексико, причината за блокадата на администрацијата.

Се разбира, Трамп најавува дека нема намера да ги прифати овие мерки па така минимални се шансите овој предлог на Демократите да помине. Аналитичарите се надеваат дека преговорите со Трамп ќе доведат до поширок компромис кој ќе им дозволи на двете страни да излезат како победници. На пример, Трамп би добил пари за ѕидот а за возврат тој треба да им овозможи статут на странците кои се без документи а во САД стасале кога биле деца. Овие лица во САД се наречени “Dreamers” (Сонувачи).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.