Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп во Конгресот: Ќе го изградам ѕидот

0
By Нова ТВ on February 6, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 6, 2019 09:10

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа се обрати во Конгресот со говор за состојбата во државата, што е традиционален отчет пред законодавците и пред граѓаните за одработените политики на власта во годината што изминала.

Обраќањето, што требаше да се случи при крајот на јануари, но беше одложено поради блокада на федералната Влада, траеше еден час и дваесет минути, а Трамп го започна со набројување на политичките победи на републиканците, пред да дојде до за него клучната тема – изградба на ѕид на границата со Мексико.

-Ќе направам да се изгради, потврди тој.

Повторна блокада на Владата не е исклучена ако не се постигне договор за поцврста гранична контрола со демократите, кои се категорично против изградба на ѕид.

Темата со нелегалната имиграција е „јаболко на раздорот“ помеѓу демократите и републиканците и Трамп повтори дека каравани со мигранти доаѓаат кон јужната граница што за многумина звучеше како претерување.

Истакна и дека цврсто стои зад борбата против абортусот.

Обраќањето на Трамп генерално допре до некаква форма на обединување – она што го бараа многумина демократски политичари и набљудувачи – да се отфрли политиката на одмазда и отфрлање.

Претседателот истакна дека Американците треба да се горди за високото место што жените во САД го постигнале во општеството – многу повеќе жени се во работен однос и дека Конгресот има најголем број на жени-законодавки – околу 102 претставници се жени.

Трамп истакна дека на глобално ниво Америка има статус на супер ѕвезда на која и завидуваат други земји поради силината на нејзината економија и армија.

-Американскиот економски раст е најсилен од сите во светот, со создавање на 600 илјади нови работни места во индустријата, укажа претседателот.

Очекувано беше многу податоци од обраќањето на Трамп да се пренагласени и искажани во суперлативи. Како и во многу други изјави и говори, така и сега, некои американски медиуми беа подготвени за проверка на фактите зад тврдењата на претседателот.

Така на пример „Њујорк Тајмс“ утврди дека економскиот раст на САД не бил најсилен во светот. Полска и Литванија лани имале двојно посилен економски раст, па дури и економијата на Грција во 2018 година пораснала повеќе од американската.

Трамп укажуваше на намален криминал во некои погранични градови како Ел Пасо, сојузна држава Тексас, откако биле изградени погранични бариери. Но „Си-Ен-Ен“ утврди дека криминалот се намалил долго пред да бидат поставени бариерите.

– Американскoто економско чудо се случува и единствените нешта кои можат да му наштетат се војните, партиската поделеност и смешните истраги, истакна Трамп, алудирајќи на истрагата на специјалното обвинителство предводена од Роберт Малер за наводните врски со Русија од претседателската кампања во 2016 година.

Во однос на очајните состојби и немири во Венецуела под режимот на Николас Мадуро, Трамп го спомена и зборот „социјализам“ и укажа дека „Америка никогаш нема да биде социјалистичка земја. „Ние сме родени во слобода и ќе останеме слободни“, рече тој.

Обраќањето на Трамп за состојбата на американското единство стана традиција уште од времето на Роналд Реган, претседателот и законодавците да канат избрани гости како илустрација за позитивното (или негативното) влијанието на политиките на власта.

Овојпат во главната сала на Кoнгресот седеа тројца воени ветерани од Втора светска војна, поранешниот космонаут од мисијата на Месечината, Баз Олдрин, ветерани ранети во војните во Блиски исток, рехабилитирани дилери на дрога помилувани од претседателот, жртви на вооружени десничарски екстремисти, па и малиот Џошуа Трамп, кој бил навредуван на училиште токму поради тоа што носи исто презиме со претседателот.

Демократите реплицираа на говорот преку Стејси Абрамс, партиска функционерка од сојузната држава Џорџија, која го обвини Трамп за „срамот со блокадата на Владата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.