Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трансфузија остана без реагенси, набавките голем проблем во здравството

0
By Менче Атанасова Точи on April 16, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Клиниката за трансфузиона медицина веќе две недели нема реагенси со кои се дијагностицира тромбоза во крвта. Пациентите се враќаат, а најголемиот дел од нив се бремени жени. Станува збор за тестирања познати како ди-димери кои се многу важни за испитување таму каде што постои сомнеж за венска тромбоза, белодробна емболија и други тромботичните нарушувања, а тестирањата се задолжителни и кај бремените жени кои имаат слични проблеми.

Токму реакции во редакцијата на НОВА стигнаа од трудници кои биле враќани од трансфузија бидејќи немало реагенси за овие испитувања.

„Одам неколку пати но, ме враќаат со образложение дека нема реагенси. Јас сум трудница и секое излегување ми е напорно, а испитувањата ги правам заради моја безбедност, но и на моето дете“, изјави за НОВА, скопјанка која сакаше да остане анонимна.

Освен тоа, оваа млада жена вели дека нема финансиска можноста секоја ваква анализа да ја плаќа 800 денари во приватните лаборатории во Скопје.

Директорката Емилија Велкова вели дека во текот на утрешниот ден треба да пристигнат реагенсите.

„Реагенсите треба да пристигнат утре. Изминатите денови она што го имавме го користевме рестриктивно, за итни случаи, проблематични бремености и кај пациенти што имаат индикации за такво нешто“, изјави за НОВА Велкова.

Таа нагласи дека и кога ќе стигне набавката, реагенсите и понатаму ќе се користат рестриктивно бидејќи матичните лекари на вакви анализи праќале и луѓе кои за тоа немаат потреба.

„Ќе мора да се направи стратегија, да се едуцираат матичните лекари бидејќи во протоколите и во препораките за бремените жени стои дека анализите се прават само кај тие што имаат индикација, некакво заболување или пак член на семејството имал проблеми со слични заболувања на крвта“, изјави Велкова.

Сепак, директорката призна дека имале проблем со тендерот кој се одолговлекувал, а пред време не смеело да се распише нов тендер.

Неофицијално, тендерот се развлекол поради проблемот со Советот за јавни набавки кој функционира во склоп со Бирото за јавни набавки.

Советот го назначи Владата и од мај минатата година оваа комисија одлучува за барањата за добивање на согласност за јавните набавки. Всушност од тогаш започнаа и проблемите, особено во здравството, иако секое доцнење на набавките може да го загрози животот на некои пациенти.

Во моментот нема доволно филмови на Клиниката за рентгенологија, па вработените велат дека им е кажано да штедат, две снимки се ставаат во една или воопшто не издаваат снимки.

Извори од Клиниката велат дека недостасуваат и средства за контраст, за длабински снимања на компјутеризирана томографија, а тие што ги има често предизвикувале алергиски реакции.

Недостигот на лекови и друг медицински потрошен материјал се почесто ја кочи работата на болниците, а набавките претставуваат се поголем проблем во македонското здравство.

„Постојано праќаме писма во Советот за јавни набавки при Владата, но работите одат бавно поради законската процедура“, изјави за НОВА во ноември минатата година Никола Јанкуловски, декан на Медицинскиот факултет, кога институтите цели три месеца останаа без реагенси.

Состојбата е последица на измените на Законот за јавни набавки со кои за секоја јавна набавка треба да се добие одобрение од Советот за јавни набавки. Извори кои добро ја познаваат оваа проблематика за НОВА велат дека овој Совет ја кочи процедурата, што претставува непотребно административно оптоварување, а е голем трошок за буџетот бидејќи во него членуваат луѓе од повеќе специјалности, кои најчесто не се разбираат од медицинска терминологија.

На оваа тема НОВА информираше повеќе пати. Измените од надлежните беа образложени како начин за зголемување на малата конкуренција на тендерите. Европската комисија пак, во извештајот за напредокот на Македонија веќе го коментираше формирањето на овој Совет како непотребно административно оптоварување.

За ваквите проблеми директорите најчесто молчат, а штетата ја чувствуваат болниците, но и граѓаните на свој грб.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Поранешен шеф на мртовечница на Харвард осуден на 8 години затвор за трговија со органи и тела

December 17, 2025

Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија

December 17, 2025

Инцидент во бугарското собрание – летаа боксови и клоци

December 17, 2025

Форбс: Богатството на Илон Маск порасна на 677 000 000 000 долари

December 16, 2025

Апелација од 12 на 13 години му ја зголеми казната на возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

December 15, 2025
ФОКУС

Брисел: ЕУ – Западен Балкан – Декларација за проширување

ВЕСТИ December 17, 2025

Руската воена агресија врз Украина и растечките геополитички предизвици ја нагласуваат потребата од сè посилни…

Берлин: Детали за планот на Западот – ако Русија повторно нападне, „Томахавк“ и „Ф35“ ќе полетаат од базите на НАТО

December 17, 2025

Копенхаген: Данска ги објави заклучоците: Европа чека потези, а не изговори од Скопје

December 17, 2025

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

December 16, 2025
ТИКЕР

Поранешен шеф на мртовечница на Харвард осуден на 8 години затвор за трговија со органи и тела

December 17, 2025

Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија

December 17, 2025

Инцидент во бугарското собрание – летаа боксови и клоци

December 17, 2025

Форбс: Богатството на Илон Маск порасна на 677 000 000 000 долари

December 16, 2025

Апелација од 12 на 13 години му ја зголеми казната на возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

December 15, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.