Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Копенхаген: Данска ги објави заклучоците: Европа чека потези, а не изговори од Скопје

0
By Zoran Ivanov on December 17, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 17, 2025 10:34

Советот на ЕУ го поздравува одржувањето на интеграцијата во Европската Унија како стратешка цел на Северна Македонија и ја повикува земјата да ги интензивира напорите за унапредување на реформите поврзани со пристапувањето кон Унијата.

Ова се наведува во делот посветен на земјава во Предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето, кои откако не беа усвоени на вчерашното заседание на Советот за општи работи поради противење на Унгарија на делот за Украина, Данска во својство на актуелен претседавач со Унијата ги објави како „Заклучоци на Данското претседателство за проширувањето“.

Советот на останува посветен на понатамошен напредок на постепената интеграција на Северна Македонија во внатрешниот пазар на ЕУ, врз основа, меѓу другото, на засилено спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Советот го поздравува тековното спроведување на Планот за раст за Западниот Балкан во Северна Македонија, кој е на добар пат да им донесе конкретни придобивки на граѓаните. Позитивно се земаат предвид и првите две исплати во рамките на Механизмот за реформи и раст и се охрабрува Северна Македонија да продолжи со спроведувањето на својата Реформска агенда, се наведува во документот.

Во него се нагласува дека добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински елементи на процесот на проширување и се потсетува на важноста од постигнувањето на видливи резултати и од „спроведувањето со добра волја на билатералните договори, вклучувајќи ги и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, во согласност со Преговорачката рамка“.

Советот силно ја пофалува Северна Македонија за нејзината доследна соработка по прашања од надворешната политика и нејзиното цврсто и долгогодишно целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и во однос на рестриктивните мерки, како јасен сигнал за стратешката посветеност на Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Советот, исто така, го поздравува континуираното активно учество на Северна Македонија во мисиите и операциите на ЕУ во рамките на заедничката безбедосна и одбранбена политика и подготвеноста за подобрување на соработката во рамките на Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ, се додава во заклучоците.

Во текстот се забележува дека земјава сè уште не ги спровела уставните измени, на кои се обврзала и се потврдува подготвеноста на Советот за свикување на втората меѓувладина конференција, без понатамошни одложувања или дополнителни политички одлуки, штом ќе биде извршена измена на Уставот и за „отворање на преговарачкиот Кластер 1 што е можно поскоро во согласност со Преговорачката рамка“.

Во заклучоците се наведува дека се потребни брзи и решителни акции со цел земјата да ги исполни критериумите од Кластерот 1 – Основи вредности, како и да ги интензивира напорите за спроведување на реформите, пред сè во областа на владеењето на правото, заштитата на независноста и интегритетот на судството и зајакнување на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Советот ја повикува Северна Македонија да усвои нов Кривичен законик во согласност со законодавството на ЕУ и меѓународните стандарди. Советот забележува дека е постигнат одреден напредок во областа на реформата на јавната администрација и ја охрабрува Северна Македонија да ги интензивира своите напори во врска со модернизацијата на јавната администрација и обезбедувањето на потребниот административен капацитет. Советот ги зема предвид информациите дадени од Комисијата за неодамнешниот постигнат напредок и ги охрабрува властите на Северна Македонија да ја подготват и финализираат на инклузивен начин работата на сите три патокази за функционирање на демократските институции, реформата на јавната администрација и поглавјата за владеење на правото, како и на акцискиот план посветен на заштитата на правата на лицата кои припаѓаат на малцинства или заедници, се додава во текстот.

Во заклучоците се повикува на понатамошно зајакнување на основните права, слободата на медиумите и слободата на изразување и се поздравуваат неодамнешните локални избори, за кои се вели дека била „генерално конкурентни, иако со некои процедурални недостатоци“, при што се нагласува дека е потребна изборна реформа со вклучување на преостанатите препораки од ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија.

Советот ја поздравува соработката во управувањето со границите меѓу Северна Македонија и Фронтекс. Советот ја повикува Северна Македонија да ги засили напорите за подобрување на системите и процедурите за прием на азил, се додава во документот.

Во однос на економските критериуми, се забележува доброто ниво на подготовка во развојот на функционалната пазарна економија и се охрабрува земјата да ги засили своите напори за зајакнување на својот капацитет за справување со конкурентскиот притисок и пазарните сили во рамките на ЕУ и да ги спроведе потребните структурни реформи.

Советот го поздравува неодамнешниот напредок во однос на железничката врска долж транспортниот Коридор 8, кој е од стратешко значење, и очекува ефикасно спроведување на преземените обврски, се додава во „Заклучоците на Данското претседателство за проширувањето“.

 

Данска ЕУ заклуцоци макеонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.