Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Минимална пензија од 18.000 денари е неправедно, линерано зголемување е неуставно

0
By Ана Василевска on August 14, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
ЈованкаТренчевска на средба со пензионерите
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Делегација на пензионерите кои денеска протестираа во Скопје попладнево беше примена од министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на која и ги доставија нивните барања што ги соопштија и на собирот пред МТСП.

Главните барања се усогласување на пензиите со објавените податоци од Државниот завод за статистика во ноември 2021 година, линеарно зголемување од 3.500 денари на основицата на пензијата и наместо 12.500 денари, минималната пензија да изнесува 18.000 денари.

Четиричлената делегација побара од министерката Тренчевска да се заземе за нив и да ги пренесе нивните барања во Владата. Појаснија дека бараат линерано зголемување од 3.500 денари што ќе влезе во пензијата на сите 336 илјади пензионери во државава, и тоа да не биде еднократен надомест, а потоа да ги добиваат и процентните покачувања што ќе им следуваат.

На почетокот на средбата, кога беа присутни медиуми, Драган Угриновски од иницијативниот одбор, побара Тренчевска да се заложи за нивните барања нагласувајќи дека првпат во историјата пензионерите излегуваат на протест. Претставниците на пензионерите укажаа дека просечната пензија е многу ниска, трошоците се многу големи, особено по одмрзнувањето на  цените и откога се зголеми ДДВ-то.

Министерката Тренчевска им одговори дека ќе ги разгледа нивните барања – и во МТСП и на седница на Влада, но смета дека нивното барање за линеарно зголемување е противуставно, а барањето за минимална пензија од 18.000 денари не е праведно кон пензионерите што овој износ го земаат сега, а имаат 35 или 40 години работен стаж.

Посочи дека минимална пензија од 12.500 денари земаат најголем дел од пензионерите кои биле работници со малку стаж и кои земале минимална плата и дека ги немаат исполнето условите за пензија како пензионерите со 35 или 40 години стаж.

-И некој што работел 40 години и некој што работел 15 години не може да зема исто. Јас сум за праведност и социјална правда. Не можел некој што се потрошил 40 години, без разлика дали на машина или во државна институција, да го изедначиме со некој што работел 15 години…Сега се бунат тие со најниска пензија, потоа ќе дојдат тие што земаат 17.000 и 18.000 денари пензија. Како ќе го затвориме тој круг, рече Тренчевска.

Во однос на барањето за линеарано зголемување на пензиите, таа рече дека е противуставно и дека таква одлука во 1998 била поништена од Уставниот суд.

-Јас ќе се обратам, но и вие како иницијативен одбор обратете се до Уставниот суд дали линеарно зголемување е уставно, додаде министерката.

Таа рече дека од 2022 досега е направено многу за пензионерите.

-Не кажувам дека е пензијата многу голема, но од 9.000 денари минималната пензија сега е 12.500 денари. Новата методологија е направена токму затоа – пензиите да се зголемуваат двапати во годината, како што растат трошоците на живот и како што расте просечната плата, така да се зголемуваат и пензиите, рече Тренчевска на средбата со претставници на пензионерите, а за исходот се  очекува соопштение од Министерството за труд и социјална политика.

Јованка Тренчевска Покачување на пензиите Штрајк на пензионерите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.