Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Младите во нашата држава живеат во духот на едно општество за сите

0
By Ана Василевска on May 16, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше присутна на изложба со дела кои беа изработени на работилницата “PIN-EQUITY за куќата од соништата на децата” организирана и асистирана од страна на одделот на Архитектура при инженерскиот факултет и факултетот за образование при Меѓународниот Балкански Универзитет.

Како учесници во изработката на делата беа вклучени и децата од дневниот центар за деца со даунов синдром во Скопје и асоцијацијата “Dua Ylberin”. Изложбата ја отвори со своето обраќање проректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет, Мевлудин Ибиш.

„Студентите на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје уште еднаш покажаа дека се несебични и доста професионални. Со студентите од ИБУ сме соработувале и претходно на нашата завршна конференција од кампањата „Гласна и храбра“ каде зборувавме за еднакви можности на мажите и жените. Денес тука продолжуваме да твориме за еднакви можности“ рече Тренчевска во своето обраќање.

Таа ги поздрави професорите и негувателите кои беа дел од реализација на работилниците и организирањето на изложбата. Министерката се изрази и со зборови на благодарност до студентите и посочи дека со ваквите постапки докажуваат дека творат и живеат во духот на едно општество за сите.

Министерката обраќањето го заврши со охрабрувачки зборови насочени кон учесниците.

„Ја поздравувам иницијативата и ги охрабрувам корисниците на услугите од дневниот центар и студентите да продолжат да творат. Да го обоиме овој модерен свет со боите на еднаквоста и инклузијата“ истакна Тренчевска.

За време на настанот на децата и на студентите им беа доделени благодарници за учество на работилницата и успешно спроведената изложба.

Јованка Тренчевска Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.