Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Помошта за пензионерите и примателите на гарантираната минимална помош ќе  биде исплаќана директно на трансакциските сметки

0
By Ivana on March 15, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Помошта за пензионерите и за примателите на гарантираната минимална помош ќе  биде исплаќана директно на трансакциските сметки а не со ваучери, изјави на ТВ Сител министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Таа информираше дека со владината одлука околу 330.000 пензионери  и 36.000 домаќинства приматели на гарантирана минимална помош ќе земаат дополнителни 1.000 денари за месеците март, април и мај.

Очекува измените во Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што поскоро да ја поминат собраниската процедура, за да може помошта да биде исплатена според најавеното темпо.

„Нема да има ваучери, туку по 1.000 денари во  наредните три месеци  пензионерите ќе добиваат на своите трансакциски сметки, заедно со исплатата на пензиите. Овие финансиски средства ќе можат да ги искористат за купување на прехранбени производи, за сметките за струја или за нешто друго. За да стасаат парите што поскоро и до граѓаните кои се приматели на гарантирана минимална помош, исплата по 1.000 денари во наредните три месеци исто така, најверојатно ќе се изврши преку трансакциските сметки, заедно со исплаќањето на правото на ГМП.  Во месеците март, април и мај околу 36.000 домаќинства ќе добијат дополнителни 1.000 денари, како дел од сетот на владините 26 мерки за полесно справување со кризата, во која се наоѓа, не само нашата држава, туку и другите земји во светот.  Доколку исплатата се прави со ваучери, тогаш постапката би траела многу подолго, рече министерката Тренчевска во интервјуто за ТВ Сител.

Тренчевска информираше и за бројот на лицата приматели на  „социјална пензија“.

„Со реформите во социјалната заштита од 2019 година го воведовме правото на социјална сигурност за стари лица, популарно наречена социјална пензија. Ова право го користат  граѓаните кои на било кој начин не остваруваат право на пензија, а се материјално необезбедени. По навршувањето на 65 години, овозмоќивме овие лица да се стекнат со правото за социјална пензија. Ова право кое изнесува 6.317 денари,   во моментот го користат 10.028 граѓани во државата, рече министерката Тренчевска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.