Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Преку креирање социјални политики водиме грижа за креирање повеќе можности за пензионерите

0
By Ана Василевска on August 28, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 28, 2023 14:53

Грижата за пензионерите и нашите највозрасни граѓани е многу поширока од само еден сегмент. Подигањето на животниот стандард на пензионерите и создавање можност за поквалитетен живот е можно само доколку се создаваат повеќе можности во различни сфери на општественото живеење, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска на  официјалното  врачување на дозволата за социјална услуга –  Дневен центар за престој на стари лица со активно стареење во Крива Паланка.

Како Министерство за труд и социјална политика (МТСП), додаде, сме подеднакво посветени на сите сегменти и наша цел е да создадеме рамка за поголема социјализација, активен живот и што поголемо вклучување на оваа категорија граѓани во општеството.

Општина Крива Паланка денеска доби модерен центар што ќе одговори на потребите на граѓаните.

-Од денеска пензионерите од Крива Паланка ќе имаат можност за поголема социјализација и активности во текот на денот преку овој центар, а досегашното искуство покажува дека овие центри се вистински одговор на потребите на граѓаните и дека оваа социјална услуга се користи многу и дава одлични резултати. Преку креирање социјални политики водиме грижа за креирање повеќе можности за пензионерите,  меѓу другото, потврда е и фактот што социјалната реформа покрај дневни центри, тука е и помош и нега во домот, наменета токму за лицата над 65 години. Затоа ги повикувам пензионерите да ја користат оваа услуга, а ние како Влада ќе продолжиме да работиме на создавање нови можности, да ги следиме ефектите и да ги подобриме социјалните услуги, кои се проширени и се имплементираат во 44 општини. Достапни се услугите и во најоддалечни места, а оваа услуга овде се воспоставува благодарение на визијата на општината и Црвениот крст што ја имаат за своите највозрасни сограѓани, рече Тренчевска.

Проектот е вреден 5,7 милиони денари, обезбедени преку проектот за подобрување на социјални услуги на МТСП, дел кофинансира и општината.

Градоначалникот, Сашко Митовски, рече дека Општина Крива Паланка е пример за работењето во областа на социјалата, една е од првите општини со формиран  Локален совет за социјална заштита  и усвоен социјален план за период 2021/2024- кој ги лоцира, мапира и тековно работи на решавање на проблемите од социјалната сфера на сите категории социјално загрозени граѓани.

-Отворањето на дневниот центар  значи  подобри и поквалитетни социјални услуги, збогатен и зголемен видот на услуги за највозрасната категорија граѓани. Црвениот крст како давател на услуги дава исклучителен придонес и е наш партнер во  грижата за возрасните, подеднакво како и за останатите категории лица. Акцентот на грижа за возрасните е нешто по што исто така предничи нашата општината, пример за тоа е што веќе трета година активно работи Нега центар во ОО Црвен крст, отворен во рамки на проектот „Одговорни институции-среќни граѓани“, што Општина Крива Паланка и Црвен крст го реализираа со финансиска поддршка од 11 милиони денари од Министерството за труд и социјална политика. Нега центарот има 20 лиценцирани негуватели кои пружаат услуги на над 80 корисници од општината, а во фаза на лиценцирање се уште 15 негуватели што веќе ја поминаа обуката и ќе го надополнат кадарот што ќе работи за грижа на возрасните, рече Митовски.

Општина Крива Паланка, додаде, изготви  и проект за изградба на Дом за стари лица,  постојано сме во корелација со плановите на Министерството за труд и социјална политика и истиот  веќе ставен во програмата на Министерството.

Секретарот на ОО Црвен крст, Крива Паланка, Дарко Пешовски, од име на органзиацијата-давател на услугите, рече дека стареењето е привилегија што многумина не ја имаат.

-Оваа мисла ја менува перспективата,  а Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење – го менува животот. Во име на сегашните и многу идни генерации кои ќе минуваат пријатни часови овде,  благодариме на сите за  придонесот да ги  разубават  моментите на дружење, заедништво  и спокој на нашите највозрасни жители. Како организација на Црвен крст го подигнавме нивото на одговорност, а  Општина Крива Паланка покажа зрелост и грижа за сите, рече Пешовски.

Јована Тренчевска МТСП пензионери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.