Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Преку соработка со повеќе граѓански организации овозможуваме еднакви можности за различни целни групи

0
By Blerina Tahiri on October 30, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна претставничките на Здружението „Иницијатива за жени на Шуто Оризари“. На средбата се разговараше за воспоставување на поголема соработка на релевантните институции вклучително и Министерството за труд и социјална политика со цел унапредување на правата на жените Ромки.

Целта на Здружението „Иницијатива за жени на Шуто Оризари“ е да биде водечка женска ромска организација која ќе ја застапува, омоќнува и едуцира млади девојки и жени Ромки да ги остваварат социјални, економски и здравствени права, без дискриминација, а истовремено обезбедува и нуди информации, социјални услуги и правна помош кон остварување на нејзините права.

На средбата беше иницирано потпишување на меморандум во делот на проект кој го воспоставува Здружението со поддршка на UNFPA канцеларијата во Скопје во делот на поддршка на жени жртви на родово базирано насилство и зајакнување на капацитетите на институциите како и подигање на свеста за истото прашање.

Тренчевска ги поттикна претставничките во рамки на проектот да се зајакнат себеси и да чекорат кон патот на лиценцирање на нивното здружение како даватели на услуги. Потенцирајќи дека таа лично работи на концептот Едно општество за сите од 1997 година и дека лиценцирањето на здружение чии претставници се од Ромската заедница ќе ги доближи повеќе услугите до жената Ромка. Меѓутоа таа истакна дека на таков начин ќе се зацврсти довербата на жените од сите малцински групи во давателите на услуги.

„Само преку заедничка работа, вклучувајќи ги сите заедници можеме да одговориме на потребите на сите граѓани во државата“ рече Тренчевска.

Министерството за труд и социјална политика Тренчевска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.