Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Зголемување на минималната плата од март е поддржано од работодавачите

0
By Marija Todorovska on January 18, 2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека зголемување на минималната плата од  март годинава е поддржано од Организацијата на работодавачи, а за мал дел од работодавачите кои не ќе може да ја исплатат платата, ќе бидат помогнати со Законот за субвенционирање за зголемување на плати, којшто дава можност за ослободување од плаќање придонеси.

– Пред два дена имавме Економско – социјален совет, разговаравме за оперативниот план за вработување, за мерките и програмите за 2024 година. Тоа ни е обврска да го разговараме со Економско – социјалниот совет, каде што се и работодавачите и синдикатите за да можеме понатаму да ја продолжиме процедурата и понатаму да го усвоиме на Влада. Го усвоивме и во точките на дневен ред разговаравме и за покачувањето на минималната плата сега во март месец со исплатата на платата во март месец. Од ниту еден претставник на Организацијата на работодавачите не беше споменато дека ќе имаат проблем. Напротив, се радуваат и тие како работодавачи на овој модел – методологија на зголемување на минималната плата, затоа што им дава можност да ја зголемуваат платата, вели Тренчевска на новинарско прашање дали зголемувањето на минимална плата ќе биде товар за компаниите.

Таа воедно информира дека во Собранието е законот за субвенционирање, односно ослободување од придонеси којшто е дел од финансискиот пакет на Владата и којшто им овозможува на приватниот сектор да ги покачат платите на своите работници од три до девет илјади денари.

– Сето тоа заедно со покачувањето на минималната плата е прифатено од Организација на работодавачите и од стопанските комори, затоа што им дава можност да ги задржат работниците овде во државата и да не им одат на работа во други држави. Можеби мал дел од работодавачите не ќе може да исплатат плата, но затоа им го нудиме Законот за субвенционирање за зголемување на плати со којшто ќе може да бидат ослободени од плаќање придонеси, рече министерката за труд и социјална политика Тренчевска пред учеството на трибината на Сојузот на борци по повод 80 години од ослободувањето на градовите – државата, на која учествува заедно со минитерките за одбрана Славјанка Петровска и за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

плати работодавци Тренчевска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.