Камионџиите оставуваат заробени на македонско – косовската граница, патниците со своите автомобиле не можат да ја преминат границата, стопанствениците ги бројат штетите, македонските и косовските авторитети се уште без решение.
Заменик – премиерот на Косово, Хајредин Кучи, во синоќешното интервју за телевизија Клан, го нарече премиерот Груевски „последниот националист во регионот“ и упати сериозни обвинувања на негова адреса.
Косовската влада целата вина за ескалацијата на состојбата ја префрли на Владата во Македонија, за која Кучи оцени дека функционира врз база на национализам, а не на флексибилност и идејата за евроинтеграции.
Владимир Пешевски, заменик на претседателот во македонската влада задолжен за економски прашања и напиша писмо вчера на ковоскиот вицепремиерка Мимоза Кусари со кое ја повика на заеднички телевизиски настап, каде што пред очите на јавноста ќе може да ги презентирам нашите аргументи а граѓаните да извлечат заклучок.




