Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трет ден: Ситуацијата на српско-косовските премини Јариње, Брњак и Мердаре е мирна но напната-Вучиќ го повика НАТО да реагира на физичкото насилство

0
By Mirjana on September 22, 2021 ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: Маkfax
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На административните премини меѓу Србија и Косово Јариње, Брњак и Мердаре ситуацијата и натаму е без промени но е напната. Специјалните единици Роса и натаму се на северот на покраината, јавуваат српските медиуми.

Србите од Лепосавиќ и Зубин поток и натаму мирно протестираат, ги испратиле сите смени на полициските сили распоредени на северот, во непосреден контакт се но немало инциденти и провокации како порано, јавуваат известувачите од теренот.

Napeto, ali mirno, jutros na prelazima Jarinje i Brnjak pic.twitter.com/nSjL7S5rfv

— Tanjug (@TanjugNews) September 21, 2021

Србите се надеваат на компромис меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, истакнуваат дека сакаат мир, не сакаат насилство но ниту скратена слобода за движење.

Истовремено, Приштина порачува дека одлуката за таблиците на возилата не била провокација и дека на северот се само претставници на полицијата.

На Јариње немало патнички автомобили кои чекале за да преминат, имало автомобили на луѓе кои работеле на Косово, и кои ги оставале возилата тука и потоа пешки ја преминувале границата од каде ги преземале со други возила, јавува известувачот на РТС.

Денеска чекале само десет камиони а преку Јариње и Брњак и натаму можело да се премине само пешки, јавува новинарот.

На Мердаре пак гужвата била евидентна поради  замената на регистерските ознаки со привремени. Оваа мерка Приштина ја воведе пред два дена што ги засили тензиите на северот и предизвика грижа кај локалното население.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ по синоќешниот состанок на Советот за национална безбедност повтори дека Србија нема да прифати политика на свршен чин и од Србија нема да се добие печат на некаква криминална акција.

Што се однесува до физичкото насилство, српскиот претседател рече дека на тоа мора да реагира НАТО.

-Ако не реагира НАТО, нема да има погром на нашето анселение, како што беше во 2004 и нема да има ни „Олуја“ ни „Блесок“.

Суштината е во тоа што се крши Бриселскиот договор, изјави Вучиќ .

Тензичната атмосфера  на косовско-српската граница поради српските регистарски таблички што почна во понеделникот, продолжува. Косовските власти не отстапуваат од одлуката да не дозволуваат влез на возила кои нема да земат привремени таблички, а силите на косовската полиција трет ден се распоредени на граничните премини Јариње и Брњак.

 

 

Косово премини Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

ВЕСТИ November 2, 2025

Утрово во 7 часот почна гласањето за вториот круг од осмите локални избори од осамостојувањето…

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025
ТИКЕР

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.