На Канскиот филмски фестивал годинава учествуваат македонските „Три дена во септември“ од Даријан Пејовски и „Медена ноќ“ од Иво Трајков како и филмовите „Шишка де лукс“ и „Жената на мојот живот“, во кои Македонија се јавува како ко-продуцент.
Скопје Филм Студио во копродукција на Икон Студио од Косово го објави трејлерот за психолошкиот трилер „Три дена во септември“ неодамна, филм кој дава вовед во студијата на два карактери кои што преку меѓусебниот однос ги разоткриваат своите тајни и трауми.
Сценариото за овој филм го напишаа Даријан Пејовски и Игор Иванов, продуцент на филмот е Томи Салковски, а копродуцент Валон Бајгора, додека во главните улоги се појавуваат Ирена Ристиќ и Камка Тоциновски.