Три лица се водат како исчезнати во поплавите кои го погодија Кладово и околината, изјавил за Б92 претседателот на општина, Радован Арежина.
Ситуацијата е критична во селото Грабовица каде што водостојот постојано расте, а пумпите не се доволни да ја исцрпат водата. Арежина предупредил дека граѓаните имаат потреба од флаширана вода и храна бидејќи залихите се при крај.
„Немаме флаширана вода за да ја испратиме до отсечените села бидејќи цистерните не можат да стигнат до таму. До некои места може да се стигне само со големи воени камиони, а другите села ги снабдуваме со чамци преку Дунав, изјавил Арежина.
Во Текија храна пристигнува со брод од Кладово, но ситуацијата е и понатаму тешка во селата во околината на Мајданпек.