Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три лица со симптоми на труење со чад на кислородна поддршка, пожарот се гасне и со хеликоптер

0
By НОВА ТВ Balaban on May 30, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тие имаа лесни симптоми на труење со чад и поради тоа проблеми со дишењето и веднаш ги ставивме на кислородна поддршка, а добија и терапија со аминофилин. Сите тројца се во стабилна здравствена состојба и вон животна опасност, изјави за НоваТВ, д-р Насер Ќафјани, кардиолог и началник на интерното одделение. Тој апелира тетовци да не излегуваат од дома, бидејќи фабриката којашто гори произведувала средства за изолација, колку што е познато, а тие материи се канцерогени кога горат. 

Три лица со симптоми на труење со чад се примени денеска во тетовската Клиничка болница и се ставени на кислородна поддршка, по големиот пожар кој утринава избувна во поранешната фабрика „Македонија Табак“ во Тетово. Пожарот од предмалку почна да се гасне и со хеликоптер, а густиот чад се уште е закана по здравјето на  тетовци, кои се предупредени да останат дома, да ги затворат прозорците, а ако мора да излезат надвор, задолжително да стават маска на лицето! Учениците поради пожарот и опасниот чад, кој се уште се издигнува високо над фабриката, два дена нема да одат на училиште.

Во болницата до пладне биле хоспитализирани двајца вработени во фабриката и пожарникар кој бил вклучен во гаснењето на пожарот.

– Тие имаа лесни симптоми на труење со гас и поради тоа проблеми со дишењето и веднаш ги ставивме на кислородна поддршка, а добија и терапија со аминофилин. Сите тројца се во стабилна здравствена состојба и вон животна опасност, изјави за НоваТВ, д-р Насер Ќафјани, кардиолог и началник на интерното одделение.

Во тетовската болница нема токсиколог, а засега нема да бараат помош од колеги со оваа специјалност од Скопје или од друг град.

– Ги згриживме пациентите и засега нема потреба да ангажираме и токсиколог. Апелираме граѓаните да не излегуваат од дома поради чадот, бидејќи фабриката којашто гори произведувала средства за изолација, колку што е познато, а тие материи се канцерогени кога горат. Граѓаните во Тетово да останат дома додека пожарот комплетно не биде изгаснат и добро да ги затворат прозорците, а кој мора да излезе, маска да стави задолжително, апелира д-р Ќафјани.

Вдишување чад поврзано со пожар е одговорно за повеќето случаи на труење со јаглерод моноксид.

Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изјави „во овој момент работиме на детекција на воздухот, односно дали има отровни гасови и какви. Состојбата во овој момент од аспект на отровност на гасови не е алармантна“.

Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, во 09.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во магацин за складирање на производи на тетовска фабрика, лоциран помеѓу улиците „Маршал Тито“ и „Борис Кидрич“ во Тетово.

Според првичната пријава нема повредени лица, а екипи на Територијалната противпожарна единица Тетово преземаат мерки за гаснење на пожарот.

Љубица Балабан

 

на кислородна поддршка Насер Ќафјани пожар Тетово тетовската болница три лица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.