Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три последователни измени во законите за основно и средно образование, без јавна дебата и без вклучување на експерти и млади

0
By Marija Todorovska on April 15, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 15, 2025 13:11

Со донесувањето на три последователни измени во законите за основно и средно образование, без јавна дебата и без вклучување на експерти и млади, се озаконува дискриминација, се поттикнува говор на омраза, а темите за родова еднаквост, сексуално и репродуктивно здравје, и психолошка поддршка систематски бришат од образованието. Изменетите закони, и покрај зголеменото насилство, не препознаваат емоционално, психичко и сексуално насилство, туку се фокусираат само на физичко насилство. Потребен е фокус на системски превентивен пристап, преку образование кое ќе води кон здрави и безбедни млади, кои ги прифаќаат меѓусебните разлики и се грижат за себеси и за другите, заради постигнување колективна добросостојба.

Ова беше една од клучните пораки која ја испратија учесниците на Националната конференција „Преку инклузивно образование до еднаквост – Патот кон младинско општество!“, организирана од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија денеска во Скопје.

Амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Џанел, во воведното обраќање истакна дека треба да се препознаe и поддржи добрата работа на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, сите овие изминати години, истакнувајќи дека верува сите се согласни дека прашањата за родовата еднаквост и младите денес се поважни од кога било претходно.

„Еднаквите права за жените и девојчињата, заедно со слободата на изразување и еднаквите права за ЛГБТИ лицата, беа и остануваат меѓу приоритетните теми на холандската надворешна политика во областа на човековите права. Во сржта на овие политики е нашето верување во инклузивно општество за просперитет и развој – не можеме да си дозволиме да оставиме никого зад себе, без разлика на полот и возраста.

Доколку сакаме да напредуваме и да се развиваме, доколку сакаме воопшто да имаме иднина, мораме да ги прифатиме младите луѓе и да им дадеме можности да се развиваат и да напредуваат. Неодамнешните трагични случувања, вклучувајќи го и ужасниот пожар во Кочани нè потсетија колку се скапоцени младите луѓе, и колку се вредни за нашите општества и за човештвото воопшто. Како општества, мораме да се стремиме да бидеме подобри, а тоа значи дека мораме да вложуваме напори нашите млади да бидат поздрави, поодговорни во своето однесување, без разлика дали станува збор за сексуално однесување или друго, похумани и почувствителни на потребите на другите, со повеќе разбирање за меѓусебните разлики“, рече Џанел.

Претседателката на ХЕРА Румена Ѓердовска посочи дека гласот на младите е клучен во носењето одлуки, особено кога тие се однесуваат на вашето здравје, вашите права, вашето образование и вашиот живот.

„Во ХЕРА веруваме дека секој млад човек има право на информиран избор, пристап до сеопфатно сексуално образование, здравствени услуги без стигма и дискриминација, и простор каде неговите потреби и ставови се слушаат и уважуваат.

Но знаеме дека тоа не е реалност за сите. Сè уште се соочуваме со отпори, со табуа, со недостаток на политичка волја и системска поддршка. И токму затоа оваа конференција е важна — затоа што е вашата можност да зборувате, да барате, да предложите и да се поврзете“, рече Ѓердовска.

На конференцијата беа изнесени загрижувачки податоци: младите стапуваат во сексуални односи на 15 години, а стапката на тинејџерска бременост во 2023 изнесува 13.4 на 1000. ЛГБТИ младите се жртви на насилство до 4 пати почесто, со високо ниво на психосоматски симптоми, тага и самоубиствени мисли. Во периодот 2021–2023 се документирани 82 случаи на насилство во образовни институции. Три неодамнешни случаи на сексуално насилство меѓу малолетници ја потенцираат потребата од системска превенција.

Конференцијата овозможи дијалог меѓу наставници, родители, стручни лица и млади, со фокус на формални и неформални образовни пристапи кои ги подготвуваат младите за информирани и безбедни одлуки. Испратена беше јасна порака дека сеопфатното сексуално образование (ССО) е неопходно за заштита на младите, за јавно здравје, човекови права и иднината на општеството.

говор на омраза Измени во закон лгбт лица насилство Основно образование Средно образование ХЕРА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.