Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три во едно

0
By Marija Todorovska on June 7, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 7, 2024 09:45

ВОЈО МАНЕВСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА 

Македонија е во исчекување на резултатите од изборите, очекуваме нова влада, очекуваме кои ќе бидат министрите?

Ова се теми кои се обработуваат од медиумите ми се чини веќе три децении. Штом ќе видам ваков наслов го читам со брзина која не ми остава можност нешто од текстот и да запаметам. Некогаш и насловите сами се наметнуваат, правејќи целина од која ми се руши оптимизмот за утре и покрај напивката која некој маркетиншки ум ја крстил – три во едно. Ете таков е мојот заклучок додека ги прегледувам насловите од актуелниов ден. Прв наслов на кој наидувам е информацијата за дебата на интелектуалци и нивната анализа за изминатите избори и перспективите на демократијата.

Интелектуалците имаат право да се ориентирани кон левицата, кон десницата, да си стојат комотно во центарот, ама она на што немаат право е да се не-ориентирани. Или поточно од нив се очекува да ги поставуваат ориентирите по кои ќе се движи заедницата. Најголем број на интелектуалците што јавно ги кажуваат своите ставови се универзитетски професори.

Според МОН таков статус имаат околу 4.000 лица. На таква бројка ѝ недостасува потврда за целисходноста на нивното постоење. Овде не мислам само на изработка и објавување на нивните трудови, туку и нивен конкретен општествен ангажман. Се замислуваат ли понекогаш образованите зошто местата во политиката ги заземаат послабите нивни соученици? Можеби затоа што висината на интелектуализмот не им дозволува да се валкаат со партиски активности?

Политиката не се само партиите. Угледните интелектуалци секогаш имаат големо влијание врз јавноста. Големиот број на медиуми им остава простор својот став по прашања за кои докторирале да ги искажат јавно. Не е став на универзитетски професор кога на социјалните мрежи ќе објави дека минатата година владата не овозможила раст на БДП поголем од 1,5%. Тоа треба да го прават новинарите, пренесувајќи статистички податоци.

Од професор се очекува издржана анализа на владините мерки и објективните економски состојби како причина за малиот раст. Неспорно е дека конформизмот на денешните интелектуалци е резултат на наследено разбирање за нивниот општествен статус. Но тоа наследство се потроши во инфлацијата на универзитети и професорите. Не е исто да си некогашен професор на УКИМ и денешните професори на истиот универзитет кој го нема на светските листи за рангирање. За квантумот на знаење на денешните дипломци нема да пишувам. Со тоа се среќаваме секојдневно во сите сфери на општеството.

Ако ова беше првата состојка во напитокот три во едно, втората состојка е информацијата дека Германија донела одлука за прием на 50.000 работници од Балканот. Од аусвајс е потребен само договор за работа со работодавач од Германија. Нема потреба ниту од диплома, ниту од познавање на јазик. До душа, освен во ретки прилики, дипломите од Балканот и не им значеа нешто повеќе. Повеќе вниманието беше насочено кон физичката сила на работникот кој доаѓа од овие краеви.

„Не е фер“ е првата помисла. Германија ни ги зема работниците зошто и требаат градежни работници, келнери, поштари и слични профили на „интелектуалци“, ама неопходни се и овде. Врти сучи се враќам на едноставноста на марксовото учење од пред век и половина „сопственикот на средства за производство ги диктира економските односи, а со тоа и другите општествени процеси“.

Господа интелектуалци, само различно ги толкувате состојбите, а нужно е тие да се променат на подобро. Понудете модели за поголем економски раст, продлабочување на демократијата и нови и поправедни изборни модели. Но, најважно од ова е – понесете ја својата општествена одговорност за да го оправдате својот статус. Инаку тоа место веќе нема да го заземаат медиокритети, туку фалсификат интелектуалци кои и покрај научените теории и доктрини не се во состојба ништо од тоа да реализираат во реалниот живот.

Испразнетото место го заземаат разни популисти кои својата поддршка ја бараат во пониско образованите делови од граѓаните и тие гласат како што гласаат. Повеќе врз основа на емоции отколку врз рационално расудување. И тогаш нема место за интелектуалците, освен како нужни советници на властодршците. А можеби и таквата заветрина е посакуваното место на современите интелектуалци.

Третата состојка во мојов денешен напиток е податокот од Заводот за ревизија дека фондот за ПИОМ нема доволно приходи за да исплаќа пензија, туку мора да биде надополнет од буџетот на РСМ. Не е тоа некоја нова вест, туку вест е дека тој процент се зголемува. Не дека имаме многу пензионери, туку имаме премалку вработени во реалниот сектор кои треба да заработат и за државата и за пензискиот фонд. Пензиите се мали и на работ на опстојување на пензионерите. Ако продуктивните работници ни заминуваат и дел од својата плата го уплаќаат во фондови на други држави, кој ќе ги полни нашите фондови?

Според нашиве балкански ментални состојби секогаш имаме објаснување: ние гласавме, а оние што ги изгласавме нека се снаоѓаат и нека најдат пари. Ако не – на избори нема да гласаме за нив! И така сега сме во состојба на двете нозе во еден чевел, па не можеме да исчекориме.

Ќе ја почекаме новата влада да се формира, да предложи владина програма, да почне со реализација, па да видиме како ќе ни биде. Дотогаш интелектуалците ќе дебатираат, способните работници ќе си заминуваат, а пензионерите ќе висат пред аптеките и зелените пазарчиња како птици на гранките, а наутро ќе си пиеме напиток наречен три во едно. Народната мудрост за магарето и зелената трева не настанала случајно. Искрено да ви кажам во овој напиток, ниту кафето е кафе, ниту млекото има вкус на млеко, а ниту шеќерот ме засладува. Сега ќе си сварам едно турско кафе, ќе запалам  мотана цигара и ќе пцујам по сѐ околу себе. Изгледа само тоа ми останува како лезет, ако не сум од гајрет.

Текстот е личен став на Авторот. 
Војо Маневски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.