Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трибина на СДСМ – Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Zoran Ivanov on June 23, 2025 ПОЛИТИКА, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Венко Филипче:     Македонија се соочува со економска криза каква што не е видена со децении. Живеачката станува неподнослива, а граѓаните се оставени сами пред ударот на енормните цени, падот на куповната моќ и луксузот на функционерите.

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја втурнаа државата во економска криза, го закочија растот на платите и ги оставија трговците и моќниците да прават што сакаат со цените. Парното поскапе, цената на струјата дивее. Граѓаните се плашат да ги отворат сметките за да проверат колку треба да платат секој месец.

Секојдневно нè убедуваат дека имаме силен економски раст, но реалните бројки се брутални. Инфлацијата е речиси 4.5%, а растот скромни 2.6%. За првпат имаме негативен економски резултат, полош и од воената 2001 година.

Граѓаните живеат на раб на достоинство, додека функционерите на Мицкоски и тој самиот се расфрлаат со луксуз – приватни авиони, скапа храна и хотели од соништата.

Македонскиот народ никогаш не живеел лесно. Сме се бореле со сиромаштијата низ годините, сме се бореле за опстанок. Но, она што сега најмногу боли е леснотијата со која Владата нè убедува дека се живее добро.

Дека живееме во земја „економски тигар“ која е четврта во Европа. Дека платите се добри и куповната моќ е голема, поголема од европските земји. Но, реалноста е сосема друга. Платите се најниски во Европа и по седум години престанаа да растат. Животниот стандард е најлош во Европа.

Ова не го тврди СДСМ – ова се погубни статистички податоци од најреномираните европски институции.

Ана Чупеска: Во време кога владеењето на правото и темелните вредности на достоинствениот живот се клучни за опстанокот на демократскиот поредок, во Македонија сведочиме на сериозна тенденциозна операција која има за цел да ја разниша уставно загарантираната поделба на власти и да ја поткопа независноста на правосудството како трета и клучна власт.

Наместо реални реформи и правда, сведочиме на континуирано и систематско поткопување на судската независност и правдата. Ветувањата за правда, вклучително и правдата за неправедно осудените, останаа само празни зборови, додека надежта за правда е сериозно нарушена. Особено загрижувачки е третманот на мајките на жртвите од Кочани, кој ја отсликува вистинската состојба на правдата во државата.

Јасно е дека власта не сака независни судии, туку послушници, а тоа го постигнува преку воспоставување авторитарна партиократија која целосно ја контролира правосудната власт. Ситуацијата со Судскиот совет е уште еден показател за системската операција на упади и контрола над најважниот уставен орган кој треба да обезбеди непристрасност и независност на судството. Нелегалните разрешувања на членови на Советот, игнорирањето на препораките од оценската мисија и донесувањето на законски решенија со длабоки отстапувања се неприфатливи и сериозно ги загрозуваат реформите.

Љубомир Фрчкоски: ВМРО-ДПМНЕ е ретко силна партија, со оглед на пратениците и позициите во парламентот, но парадоксот е дека таа практично не владее на надворешен, но и на внатрешен план не носи одлуки.

ВМРО-ДПМНЕ не решава конфликити, не прави чекори кон хармонизација во таа антагонистичка политичка сфера, туку отвора конфликти, преку прогони, прогонува политички противници, менува, произведува некакви судири, создава меѓуетнички тензии, функционира она што премиерот го вика „нас со Албанците ќе ни треба второ полувреме“, а опцијата за развој ја менуваат со хистерична пропаганда, со хистеричен ПР, прават потемкини села на развој, што на крајот на краиштата завршува со генерално назадување.

Ние назадуваме во сите линии, политичките елити се послаби, образованието назадува, НГО секторот е растурен и назадува, не функционира, медиумите се во страшна ситуација. Во сите точки назадуваме во ситуација кога регионот напредува. Ние го немаме тој луксуз, ние не можеме да го издржиме тоа назадување долго, практично ќе имплодираме внатре по меѓуетнички основи по една линија, меѓутоа и по социјални основи. Ние генерално осиромашуваме и тоа е една ситуација, која не може долго да се издржува.

Не смееме да се срамиме од тоа како е направен договорот од Преспа, како се водени преговорите со Бугарија, независно од тоа што мислиме, како тоа се одразило на изборните резултати. Не е важно тоа, треба да се издржи јасно на тие позиции на кои СДСМ историски ја изгради оваа држава, рече Фрчкоски.

Имам впечаток дека на некој начин ќе свијат грб секако по таа линија и некаков контакт ќе бараат. Тука е процена, која е многу важна да се направи. Поддршка од опозицијата на тој принципиелен став со Бугарија треба да има. Бидејќи решението, независно како ќе го цените францускиот предлог е исклучително во национален интерес на Македонците, тука да нема дилема никаква. Кој го правел, како го правел. Тој е направен во две точки кај јазикот и кај националниот идентитет апсолутно 100% во наш интерес.

Вие имате една структура, во која ние сме прирепок на Орбан, Вучиќ и линијата до Солун и коридорот 10, за кој нашиот министер се радува дека ќе го изгради. Може да биде во наш интерес некаков, но не повеќе од коридорот 10. Тоа е затоа што Кинезите отвраат дел во солунското пристаниште и на Орбан му е важно таа линија да функционира заради Кинезите. Ние сме последен прирепок на таа линија. Нашите се радуваат како деца, што функционираат во тоа оро. Таква една неспособна, да ја оцени сопствениот интерес политика, ние не сме сретнале досега. И тоа скапување е голем ризик, не може да не радува тоа, таквата неспосбност на владата која не функционира. Прогони и ПР симулакрум дека нешто се прави, ништо друго, се е празно поради тоа.

Работите по една година од владата на ВМРО-ДПМНЕ не одат во права насока и време е да преземеме нешто, порача потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во рамките на трибината под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.

Во однос на локалната самоуправа Шукова нагласи дека доволно е само да се помине низ Скопје за да стане јасно какви локални политики води владата на ВМРО-ДПМНЕ во оваа држава.

Каја Шукова: Во тоа што се одбидува да се одлепи од постојната градоаначлничка, граѓаните се помалку веруваат. Главен кривец за состојбата во градот, покрај Данела Арсовска е секако ВМРО-ДПМНЕ. Да пробате вашиот несупех да го пренесете на другите е најлошото сценарио што можете да го осмислите и во таквите сценраија нашите граѓани веќе не веруваат и за таквите сценарија нашите граѓани на овие локални избори ќе го казнат ВМРО-ДПМНЕ.

Креираме политики, кои сериозно ќе продолжиме да ги имплементираме во општините, кои досега ги водевме, но ќе се обидме да ги вратиме добрите локални политики во општините кои во моментот ги води ВМРО-ДПМНЕ, се стремиме кон транзиција, кон зелени градови, енергетска ефикасност на нашите градови, бидејќи само така можеме да си направиме подобри услови за живеење, подобри услови за нашите деца.

 

година ДПМНЕ една СДСМ трибина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.