Мерка притвор во треање од 30 дена за деветминаta уапсени во акцијата „Ќелија“ и Предлог за определување на мерка притвор за сите 36 лица во случајот, определи Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
„Во текот на денот пред судија на претходна постапка од специјализираното Одделение за организиран криминал и корупција беа доведени 9 лица со Предлог од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор кој опфаќа вкупно 36 лица, поради основано сомнение за кривичното дело „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“ од член 322-а од КЗ, опфатено по повеќе основи во неколку ставови од истиот член како и Предлог за определување на мерката притвор за сите 36 лица.
Судија на претходна постапка по разгледување на фактите и доказите кои беа предложени од обвинителството заедно со Предлогот за определување на мерката притвор и по сослушување на приведените во присуство на нивните бранители по предлогот на Јавното обвинителство оцени дека се исполнети условите кои произлегуваат од одредбите на Законот за кривичната постапка за определување на мерка притвор и на 9 лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена“, се вели во соопштението од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
Од Судот соопштуваат дека на останатите 27 лица, судијата на претходна постапка со оглед на тоа дека истите не биле приведени, издадена е наредба за нивно приведување пред судија на претходна постапка, а по нивното обезбедување и сослушување, ќе одлучува по однос на предлогот на Јавното обвинителство.




