Македонскиот бизнисмен Трифун Костовски најави дека на 22 август во Скопје ќе сподели извештај со јавноста од негова приватна истрага што траела, како што вели, 15 месеци за стечајот на „Еуростандард банка“.

„Овој извештај е направен од тим на експерти за банкарски криминал под
водство на господинот Драго Кос. На неговата презентација пред
македонската јавност ќе присуствуваат и еминентни стручњаци во
банкарскиот систем од земји членки на Европската Унија“, најави Костовски.