Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Триста: Поповски и натаму е болен, СЈО се сомнева на одолговлекување

0
By Нова ТВ on November 21, 2017 ПОЛИТИКА
Фото Ѓоко Поповски (Фокус Архива)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, кој е обвинет во предметот „Триста“ на СЈО денеска не дојде на рочиштето во скопскиот Кривичен суд од здравствени причини. Судењето е одложено за 27 ноември.

Адвокатите на Поповски доставија медицинска документација до Судот дека има отворено боледување и е спречен да дојде на судењето.

Обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи побара медицински вештак да утврди дали обвинетиот може да присуствува на судските рочишта.

– На Поповски можеби ќе му требаат две години да оздрави и ние толку ли ќе чекаме, рече Фетаи.

Поповски се сомничи за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила, со што го оштетил буџетот за 453.570 евра.

Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на  Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.

Во овој предмет според одлуката на Апелацискиот суд прислушуваните разговори може да се користат како доказен материјал.

И на минатото рочиште на 15 ноември не се појави обвинетиот Поповски, при што одбраната приложи документација дека е болен и дека му е препорачано мирување. Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи побара документацијата да се провери.

Ѓоко Поповски одложено судење Триста Фатиме Фетаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.