Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одложено судењето за „Триста“: Обвинетиот е болен, СЈО бара проверка

1
By Нова ТВ on November 15, 2017 ПОЛИТИКА
Фото Ѓоко Поповски (Фокус Архива)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 15, 2017 12:38

Судењето за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Триста“ е одложено за 21 ноември, поради неприсуство на обвинетиот Ѓоко Поповски, поранешен помошник-министер за внатрешни работи.

Адвокатите на Поповски до Судот доставија медицинска документација дека е на боледување, а според која му е препорачано да мирува.

Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи денеска побара вештак да утврди дали со таа дијагноза Поповски не може да се појави на судското рочиште. Според Фетаи, обвинетиот е лимитиран во одење и седење, но не и, како што кажа, во зборување.

-Тој е обвинет, против него има постапка и тоа што е на боледување не значи дека не треба да се појавува на судските рочишта. Од ништо не произлегува дека тој е спречен да присуствува на денешното рочиште. Истото се случи и во текот на истрагата кога тој не се појави на распит. Тогаш лекарската комисија ме извести дека тој е ограничен во одењето и седењето, дека не е неподвижен и дека не е ограничен во зборувањето, рече Фетаи обраќајќи му се на судот.

Поповски е обвинет за залоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила и се сомничи дека го оштетил буџетот за 453.570 евра.

Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на  Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.

Во предметот „Триста“ според одлуката на Апелацискиот суд прислушуваните разговори меже да се користат како доказен материјал.

одложено судење Триста
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.