Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трите школи во Бугарија по македонското прашање

0
By Нова ТВ on August 19, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Валентин Стојанов, дипломирал право на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и специјализирал Право на Европската унија на Универзитетот во Хамбург. Бил главен експерт во парламентарната комисија за Економска политика, енергетика и туризам. Го потпомага издавањето на списанието „Бугарија-Македонија“

Во Бугарија има три идеолошки и практични теченија по однос на македонското прашање. Првото школо произлегува од блиското минато. Тоа може да биде наречено „московско-белградско“. Со една реченица – целта и е да се создава и одржува непрекината состојба на раздор, конфликт и спротивставување меѓу Софија и Скопје. Идејата е да нема зближување меѓу двете држави, при што истовремено да биде сопрена евроатланстаката интеграција на Република Северна Македонија. Ова течение има силни политички, а со тоа и институционални позиции во Бугарија. Соодветно и медиумско присуство. Долги години, во нашите медиуми доминираше точно овој концепт за бугарско-македонските односи, а во меѓувреме некои од основните говорници не се меѓу живите. Иако е во закономерно историско отстапување, оваа школа успеала да посее семиња во главите на поколенија Бугари, особено постарите и има политичка застапеност во разни партии. Долгорочната визија на ова школо за Република Северна Македонија е да остане во орбитите на влијание на Москва и Белград, поддржувајќи истовремено односи на тензија и меѓусебно недоверие со Бугарија.

Инструмент на подсржување на на конфликтот Софија – Скопје е заедничката историја на двете земји. Пристапот тука е едни луѓе да се претстават за „патриоти“ кои ја заштитуваат „нашата“ историја од „кражбите“ од другата страна на Осогово. Но, може ли да се „краде“ и да е само „наша“ (на Република Бугарија), откако официјално владите на двете држави признале дека нашата историја е заедничка? – Темата за историјата, смислено и сосема целенасочно се подигнува во клучните моменти за Република Северна Македонија (влегување во НАТО и започнување на преговори со ЕУ) со повици за поставување на „услови“. При тоа не се зема во предвид националниот интерес на Република Бугарија, имено што за прв пат по напите национални катастрофи сме во еден геополитички простор, во кој преку задлабочена соработка и зближување во сите области можеме да ги отстраниме напластените идеологии од минатото (и во двете општества) и да ги решиме натрупаните спорови.

Треба да е јасно дека претставниците на „московско-белградското“ школо во ниту едне момент ниту предложиле, ниту реализирале какви и да се заеднички проекти меѓу двете држави во областа на инфраструктурата, културата, медиумите или кое било друго поле. А со грубиот и условен тон, кругови од Бугарија, им даваат храна на проруските политички сили во Северна Македонија, кои на истиот начин се претставуваат за „патриоти“ пред тамошното општество. Така, на внатрешно-политички план, и во двете држави печалат проруските „патриоти“ – за сметка на добрососедските односи.

Но, и на надворешно-политички план, печали Кремљ кој преку „патриотите“ создава проблеми во ЕУ и НАТО. На регионално ниво, се разбира, од активностите на овие „патриоти“ печали и Белград, каде историски секогаш имало стравувања од зближување меѓу Софија и Скопје.

Антиподот на првото школо е течение, кое може да биде наречено „евроатлантско“. Во исто време, тоа ги одразува и традиционалните позиции на историската организација ВМРО, кое претставува е многу добра последователност – комбинација од национално-патриотското од една страна, со модерно гледање за меѓудржавни односи. Во една реченица – целта на ова школо е зближување меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија и луѓето од двете земји во секој еден однос – културен, економски, политички, итн. Ова течение безусловно го безусловно членството на Македонија во НАТО и искрено ја поддржа младата држава на нејзиниот пат кон европската интеграција. Со многу завивања и отклонувања, како таква се оцртува основната линија на повеќето бугарски влади во годините по 1997 година. И покрај тоа, оваа позиција не треба да биде прифаќана како за секогаш наложена и треба да биде непрекинато отстојувана. Долгорочната визија на ова школо е за независна и територијално целосна Република Северна Македонија, која е интегрирана во НАТО и ЕУ и е најблискиот сојузник на Бугарија.

Третото течение е до некаде парадоксално, но исто има длабоки корени. Негови основни лива во моментов се со изјавите „јавен евроатлантски профил“, без меѓутоа зад тоа да стојат реални „евроатлантски вредности“. Нивното отворено гледање (целта) е за поделба на Северна Македонија на сфери на влијание и идно присоединување на делови од неа кон Бугарија. Еден вид комбинација на традиционален иредентизам и познатите од минатото теории за „спорни и неспорни зони“. Нека да ја наречене условно оваа група со познатото од историјата име „врховисти“. И покрај нивната привидна прозападна ориентација, предметното школо ја опслужува (сознателно или не) московско-белградската линија.

Нејзината долгорочна визија е за уништување и поделба на Република Северна Македонија, која, според гледиштето на школото, е по-скоро привремена и неустојчива појава. Паралелно со другиот инструментариум, ова школо честопати мафта со т.н. „Албанска закана“ за иднината и територијалниот интегритет на Република Северна Македонија, манипулирајќи со збир на разнородни податоци. Идејата, која се обидуваат да ја внушат е дека младата држава е неодржлива формација која треба да биде „прикачена“ кон поголема сила или поделена меѓу барем две свои соседки. Ова школо не го зема во предвид фактот дека Македонија успешно се справи со неколку тешки кризи во 30-годишната независност, како и дека веќе е членка на НАТО и и претстои започнување на преговори за членство во ЕУ.

Нема никакви гаранции дека идните влади на Бугарија ќе се придржуваат кон декларираните на харија евро-атлантски вредности, кои се совпаѓаат со интересите на нашата земја. И претходно сме станувале сведоци на тоа како долгогодишните усилија биле бришани со еден или друг политички акт и промена на една влада со друга. Затоа е важно да се има јасност за тоа кој е кој, кои цели ги следи и како дејствува за да ги реализира. Националниот интерес на Бугарија е независна и територијално цела Република Северна Македонија која е интегрирана во евроатлантските структури и е фактор за стабилност во регионот на Југоисточна Европа, а не дестабилизирачки агент на надворешните сили. Ова се совпаѓа и со традиционалното гледиште на историската организација ВМРО и неколку поколенија искрени патриоти од двете страни на границата. Од нас зависи дали нашата земја ќе ги брани своите интереси, кои целосно се совпаѓаат со евро-атлантските, или ќе ја избере матрицата на вештачко спротивставување наметнато од надворешни фактори, целенасочено работејќи против Бугарија барем од 19 век наваму.

Преземено од tatkovina.info

Бугарија Македонија односи школи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.