Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тројца загинати, деветмина повредени во напад со нож во глвниот град на Тајван

0
By Zoran Ivanov on December 19, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тајпеј: Најмалку три лица се убиени, а девет повредени кога маж вооружен со нож и димна бомба нападна луѓе во Тајпеј, соопштија градските власти.

Осомничениот подоцна почина откако падна од зградата на трговскиот центар, објави Би-Би-Си.

Полицијата соопшти дека осомничениот бил прогласен за мртов во болница откако скокнал од шестиот кат на зградата, објави Тајванската централна новинска агенција.

Напаѓачот, идентификуван како 27-годишниот Чанг Вен, фрлил димна бомба во близина на подземниот излез на метро станицата Тајпеј Мејден, во близина на главната железничка станица, предизвикувајќи паника и стампедо меѓу пешаците, објавија локалните медиуми.

Потоа се упатил кон север кон популарна шопинг-зона, каде што со нож избодел неколку луѓе на првиот и четвртиот кат од продавницата Еслајт, најчесто прободувајќи ги во вратот, соопшти агенцијата, повикувајќи се на полицијата.

Локалните болници потврдија три смртни случаи, додека градските власти соопштија дека уште девет лица се хоспитализирани, од кои едно е во сериозна состојба.

Тајванскиот премиер Чо Чунг-те изјави дека еден од повредените е пешак кој паднал на земја по нападот и имал срцев застој пред да биде префрлен во болница, додека чадот предизвикал повреди на респираторниот систем кај друго лице.

Чанг не се јавил на обука за воена резерва во ноември 2024 година и бил баран поради кршење на законот за задолжителна воена служба, објави агенцијата.

Се наведува дека не се јавил за промена на живеалиштето, поради што не му била доставена покана за обука за воена резерва, објави агенцијата, повикувајќи се на окружниот обвинител.

 

напад нож тајпеј
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тројца загинати, деветмина повредени во напад со нож во глвниот град на Тајван

December 19, 2025

Влијателниот новинар Карлсон вели дека е можно Трамп до вечер да најави воен судир на САД со Венецуела

December 18, 2025

 Хаос во албанскиот парламент, пратениците запалија факели

December 18, 2025

Поранешен шеф на мртовечница на Харвард осуден на 8 години затвор за трговија со органи и тела

December 17, 2025

Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија

December 17, 2025
ФОКУС
December 19, 2025Updated:December 19, 2025

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

ВЕСТИ December 19, 2025

Шефовите на држави или влади на членките на ЕУ во рамки на вчеразапочнатиот Самит рано…

Нови скандалозни измени на Кривичниот закон

December 18, 2025

Брисел: Оптимизам во ЕУ за финансирањето на Украина – епилогот во текот на ноќва

December 18, 2025

Атина: Грција со реакција на изјавата на Мицкоски – Името Северна Македонија е дел од Уставот

December 18, 2025
ТИКЕР

Тројца загинати, деветмина повредени во напад со нож во глвниот град на Тајван

December 19, 2025

Влијателниот новинар Карлсон вели дека е можно Трамп до вечер да најави воен судир на САД со Венецуела

December 18, 2025

 Хаос во албанскиот парламент, пратениците запалија факели

December 18, 2025

Поранешен шеф на мртовечница на Харвард осуден на 8 години затвор за трговија со органи и тела

December 17, 2025

Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија

December 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.