Published: Wednesday, June 10, 2015 15:33
Поранешниот главен инспектор на Службата за државна безбедност во Гостивар, пензионираниот Џемо Јашари, денеска беше лустриран од Комисијата за верификација на фактите.
Во неговото досие, меѓу другото се вели дека издавал наредби за следење на сограѓани и нивните домашни телефони, а лустраторите откриле и документи во кој тој наводно издејствувал смена и на петмина наставници.
Освен Јашари, лустриран е и неговиот колега од Дебар, Аќиф Дуракоски, кој според документите кои се објавени на веб-сајтот на Комисијата, знаел речиси се што се случува во градот.
Лустриран е и Таип Емини, поранешен директорот на тетовското училиште „Браќа Миѓени“, кој на СДБ и давал информации за лица кои се следеле по линија на албански национализам и шовинизам.




