Published: Thursday, July 24, 2014 19:37
Три лица се здобија со тешки изгореници по експлозијата во фабрика за пиротехнички средства во Сопиште.
Една жена е хоспитализирана на КАРИЛ, а двајца тешко повредените се згрижени во Градската хируршка болница каде се приклучени на апарати за дишење.
Екипите на противпожарната служба го локализирале малиот пожар. Полицискиот увид се уште трае.




