Тројца загинати, а четворица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово на патот Крива Паланка – Куманово.
Според МВР несреќата се случила во пет часот и 15 минути во близина на селото Страцин кога се судриле три возила и тоа „БМВ“ со бугарски регистарски таблички, „голф“ од Косово и едно „тико“ со таблички од Крива Паланка.
На лице место на незгодата починале возачите Далибор и Гаши, додека пак Драган им подлегнал на повредите во Ургентен центар во Скопје.
Исто така, со тешки повреди се здобиле и четворица сопатници и тоа Г.С.(46) и А.А.(42) од Крива паланка кои биле во ПМВ „Тико“ и Е.Б. и А.И.(28) двајцата од Косово кои се превезувале во „Голф“. Повредените лица се пренесени во Ургентниот центар во Куманово, од каде E.Б. поради карактерот на повредите е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.




