Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тројцата професори од Штипскиот универзитет почнаа штрајк со глад

0
By Нова ТВ on July 11, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 11, 2014 17:02

Денеска од 16 и 30 часот професорите Крсте Шајноски, Александар Констадиновски и Маргарита Марлиевска официјално го почнаа најавениот штрајк со глад кој ќе трае сè до исполнувањето на нивните барања.

Тие бараат Ректоратот на Економскиот факултет во Штип да го прифати позитивниот извештај на рецензентската комисија во кој тројцата кандидати се оценети како петпати поквалитетни од потребното и со тоа треба да бидат унапредени од доценти во вонредни професори. Наместо унапредување, Наставничкиот совет не ги признава извештаите на рецензетската комисија со што професорите автоматски остануваат без работа.

Поради тоа, професорите велат дека ќе штрајкуваат со глад сè дури Ректорската управа не пристапи согласно законските прописи и да се прифати предлогот содржан во рефератите на рецензионите комисии.

Тие бараат и разрешување на деканот Ристо Фотов поради незаконско постапување при работењето на факултетот за што Државниот просветен инспекторат веќе неколку пати констатирал повреди во законитоста при неговото менаџирање на факултетот.

-Не смееме да дозволиме самоволието на деканот на Економскиот факултет во Штип, Ристо Фотов негативно да се одрази не само врз нашите кариери, животни судби, туку и врз квалитетот на самата институција Економски факултет, Универзитетoт Гоце Делчев и врз високото образование во Република Македонија, велат тројцата професори.

-Доколку овој волунтаристички потег на деканот, со кој се кршат повеќе законски акти и етички норми помине несанкциониран, во иднина, ние тројцата професори ги губиме своите работни места, а колегите кои ќе останат и понатаму да работат на факултетот, постојано ќе бидат исправени пред предизвикот дали и покрај покажаниот квалитет за што единствено мерило е оценката на рецензентската комисија, ќе се соочат со обидот да бидат одстранети од своите работни места, се вели во дописот до медиумите од професорите Шајноски, Костадиновски и Марлиевска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.