Published: Thursday, February 14, 2019 18:23
Директорот на Ургентниот центар, Илир Хасани, за Канал 5 изјави дека животот на една 20 годишна девојка повредена во вчерашната автобуска несреќа се уште е во опаснот.
-Девојката е во тешка и критична состојба, се даваат сите лекарства за да се одржува притисокот на базично ниво. Пациентката е критична, се бориме секој момент за нејзиниот живот – рече директорот Хасани.
Директорот вели дека критична е состојбата уште на двајца пациенти.
-Едниот е на возраст од околу 40 години и уште еден патник кој бил сместен во „8 Септември“ но состојбата му се влошила. Останатите 7 пациенти на Ургентен центар се во моментов стабилни – вели Хасани.




