На 17.11.2021 во 16.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Пирок, во близина на бензинска пумпа кај с.Калник, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(42) од с.Долно Седларце, општина Брвеница и трактор „имт 539“, со приколка без регистарски ознаки, управуван од М.М.(39) од с.Горно Палчиште.

Во несреќата, возачот на патничкото возило А.И. се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот на тракторот и неговиот сопатник Н.Б.(57) од Тетово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.