Три лица се повредени вечерва во центарот на Кичево, меѓу нив и носител на независна листа советници, кога врз нив од огнено оружје пукало едно лице.
Носителот на независната листа советници, Алит Абази е погоден во слабината, а Дестан Алиу има повреди на бутот на десната нога. Шабан Далипи е погоден во десната потколеница.
Дестан Алиу и Алит Абази поради сериозноста на повредите, со возила на брза помош се упатени кон скопските клиники, а Шабан Далипи е пренесен во кичевската болница.
– А.А. роден 1959 година околу 18.45 минути на булеварот „Ослободување“ ги пресретнал и пукал врз Д.А. (1959), А.А. (1977) и Ш.Д. (1963), тројцата од Кичево. Настанот се случил на само 100 метри од полициската станица, во близина на Основниот суд во градот – е информацијата која медиумите ја добија од МВР.
Полицијата веднаш по инцидентот го привела напаѓачот А.А. Според првичните сознанија, мотив за нападот се меѓусебни нерасчистени недоразбирања за кои се водела и судска постапка.




