СДСМ нема право а зборува за образование и вработувања, посочи дене Сашо Трпевски од ВМРО ДМПНЕ.
„Како не им е срам на СДСМ да зборуваат на тема образование, а згора на тоа да критикуваат зошто се вработуваат луѓе во законска и транспарентна постапка. Вработувањата за кои зборуваше СДСМ се прават како резултат на децениски застој и стагнација, која систематски беше спроведувана од владите на СДСМ во оваа сфера“, изјави Трпевски.
Тој вели, ВМРО ДПМНЕ ја разбира потребата на СДСМ секојдневно да излегува на прес конференции, но не можеле да разберат тоа што СДСМ започна да критикува зошто се вработуваат граѓани.
СДСМ: Вработување педагози или барање нови гласачи?
Според него, опозициската СДСМ е биде против обезбедувањето на егзистенција на луѓето.
Вработувањето на 294-те психолози и педагози во средните и основни училишта, за кое Социјалдемократскиот сојуз обвини дека се работи за потрага по нови гласачи, Трпевски вели дека ќе се изврши преку транспарентна и отворена постапка, при што ќе се запазат сите законски правила и процедури.
„Наспроти ова, Владата на ВМРО-ДПМНЕ обезбеди бесплатни учебници за учениците во основно и средно образование, воведе задолжително и бесплатно средно образование, се намали партиципацијата за студирање од 1200 и 600, на 400 и 200 евра, се отворија два нови државни универзитети и се реализира проектот дисперзирани струдии, каде младите од внатрешноста може да се стекнат со високо образование во местото каде живеат, само во моментот се реконструираат или доградуваат 13 училишта и се градат уште 13 комплетно нови училишта, се врши превод на реномирани учебници од странски автори и нобеловци, се врши комплетно опремување на лаборатории за високо-научни цели, се градат спортски сали во училиштата низ целата држава, се зголеми износот на студенстки стипендии, итн итн“, потенцираше Трпевски.
Од владејачката партија ги охрабруваат СДСМ да зборуваат за образование, бидејќи тие немаат никакви аргументи. Само така јавноста може подобро да ја направи и воочи разликата помеѓу делата кои ги остава ВМРО-ДПМНЕ и пустошот и хроничната стагнација која ја создаваше СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.




