Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трудници: Новиот гинеколог од Шуто Оризари наплаќа незаконски

2
By Менче Атанасова Точи on January 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новата докторка- матичен гинеколог тврди дека не врши незаконска наплата на прегледите кај бремените жени, но посочи дека им влијае на одлуките на жените кога сакаат да абортираат бидејќи тоа се коси со нејзините религиозни убедувања

Новата докторка-матичен гинекологот во Поликлиниката во Шуто Оризари незаконски наплаќа за здравствени услуги иако тие се бесплатни, обвинуваат трудници од оваа скопска населба. Тие тврдат дека лекарката Вјолце Мбиара која пред пет месеци започна да работи во ординацијата како матичен гинеколог незаконски им наплаќа на бремените жени за услуги кои според Програмите на министерството за здравство се бесплатни, а трудниците се ослободени од плаќање на партиципација. Тоа е докторката која донесе Таравари во  неговото тримесечно раководење со Министерството за здравство.

Неколку бремени жени за  НОВА потврдија дека докторката – гинеколог им наплатила за ЕХО преглед и за партиципација за некои други процедури.

Триесетгодишната Е.С  од  Шуто Оризари која е бремена со трето дете раскажува дека во моментот кога разбрала дека Министерството за здравство конечно нашло матичен гинеколог, во ординацијата која со години беше празна, одлучила довербата да и ја даде на новата докторка и таа да ја следи нејзината бременост.

Но, кога отишла во ординацијата и биле наплатени 100 денари за отворање на картон и 300 денари за ЕХО преглед, сума која воопшто не требало да и биде наплатена. Оваа мајка на две деца, сега бремена со трето, и нејзиниот сопруг не се вработени, ниту пак примаат социјална помош. Бидејќи живеат во сиромаштија, тие планирале надоместокот за трето дете да ги спаси од од гладување. Таа вели дека парите што незаконски и биле наплатени за неа биле трошок што одвај го обезбедила.

„ За да добијам потврда за трето дете ми рекоа дека редовно мора да одам на гинеколог. Досега два пати бев на гинеколог при што ми наплатија за ЕХО преглед по 300 денари, а кога ми отворија картон платив 100 денари. Парите и ги дадов на медицинската сестра која не ми даде фискална сметка тоа“, изјави Е.С од Шуто Оризари, која инсистираше да ги објавиме само нејзините иницијали.

Но, оваа млада жена не е единстевната која платила за услугите во оваа гинеколошка ординација. Во канцелријата на Народниот правобранител во декември минатата година била доставена преставка од уште една една трудница од Шуто Оризари, потврдија за НОВА од оваа институција. И на оваа жена и било наплатувано за снимање на ЕХО во Гинеколошката ординација „Др. Вјолце“ во Шуто Оризари.

„ Точно е дека има претставка од жена од Шуто Оризари за која отворивме случај и во моментот се испитуваат наводите од претставката“, потврдија од Народниот правобранител.

Според Програмата за мајки и деца и измените на Законот од 2015 година сите здравствени услуги за бремените жени на ниво на цела држава се бесплатни и тоа треба да го почитуваат и знаат сите матични гинеколози.

НОВА ја посети ординацијата на доктор Вјолце Мбиара. Додека се качувавме на горниот кат од Поликлиниката во Шуто Оризари наидовме на пациентки кои рекоа дека се задоволни од услугите на гинекологот, дека ги пречекува љубезно и учтива е со нив.

Некои од нив раскажаа дека им помага со совети како на природен начин да го решат проблемот кој не изискува антибиотици бидејќи не се во состојба да си ги купат лековите. Една од нив која имала гинеколошки проблем но, не е бремена се пожали дека и било наплатенА цела сума за ЕХО преглед.

„ Имав гинеколошки проблем и за прегледот што го направив за првпат кај докторката ми беше наплатено 300 денари за ЕХО“, рече оваа жена, жителка на Шуто Оризари.

Која влеговме во ординацијата „Др.Вјолце“ наидовме на современо уредена и чиста ординација и љубезен прием од персоналот. Докторката во моментот немаше пациентки,  па го искористила моментот за молитва, која како што рече ја практикува два пати дневно, во ординацијата.

Религиозниот ритуал го правеше во еден ќош од гинеколошката ординација. Таа се уште тешко зборува Македонски јазик бидејќи е од Албанија, каде што работела во Американска болница. Малку со неа, малку со помош на медицинската сестра сепак, се разбравме.

Ординацијата која ја зема под концесија за што плаќа кирија ја има потребната опрема и современ 4Д ЕХО апарат со кој може прецизно да се дијагностицира или да се открија аномалии кај бебето. Докторката Вјолце вели дека сама инвестирала во реновирање на ординацијата, а само за ЕХО апаратот платила 36 000 евра.

Од Фондот како стимулација во првите шест месеци ќе добива 40 000 денари , тоа е за кирија, режиски трошоци, за медицински потрошен материјал и за плати за неа и за медицинската сестра.  Засега вели дека има само 700 пациенти, за понатаму не знае како ќе оствари приход од капитацијата од ФЗОМ доколку не се здобие со поголем број на пациенти.  Но, се надева на подобро, дека ординацијата ќе се развие и ќе има повеќе пациентки во иднина.

Доктор Вјолце тврди дека не им наплаќа на бремените пациентки.

„Не, не им наплаќам ниту за ЕХО, ниту за било што друго. Само партиципација од 60 денари кога ги праќам на анализи “, изјави за НОВА др. Вјолце Мбиара .

На прашањето дали ги прочитала Програмите за мајки и деца, според кои на бремените жени се ослободени од партиципација за здравствени услуги,  таа одговори дека не ги прочитала, но ги знае и ги прочитала медицинската сестра.

Оваа докторка дојде да работи во Шуто Оризари како избор на екс министерот Арбен Таравари кој ја пронајде како решение на долгогодишните проблеми на жените од оваа населба кои немаа матичен гиенколог бидејќи никој не сакаше да оди да работи таму. Министерството тогаш во експресно време ја нострифицираше нејзината диплома за да добие лиценца за работа како гинеколог во Мкаедонија. Така, по цела деценија жените во Шуто Оризари добија матичен гинеколог.

Во разговорот со докторката Вјолце дознавме дека и активно работи на тоа да им влијае на жените да не одат да абортираат бидејќи, како што рече, тоа се коси со нејзините религиозни убедувања. 

„Доаѓаат жени кои сакаат да абортираат, сиромашни се или веќе во години кога имаат внучиња. Ние им кажуваме дека не смеат тоа да го прават и веќе 3-4 жени се предомислија и ги задржаа децата“, рече др. Вјолце.

Таа смета дека така е правилно, а правото на избор се коси со религиозните убедувања. Најголем дел од жените во Шуто Оризари се сиромашни и не земаат никаква социјална помош. Тие живеат во супстандардни услови и немаат финансиски средства да плаќаат, прегледите кај гинекологот кој со душа го чекаа тешко им паѓаат.

Во Здружението на матични гинеколози потврдија дека според законската регулатива бремените жени не треба да не плаќаат ништо, но велат дека има и недерочености.

„Законот предвидува дека кај бремените жени се е бесплатно, но не е јасно дали според протоколи и дали тука влегува некоја услуга која пациентката ја побарала сама. Протоколот предвидува три ЕХО прегледи и едно дополнително за утврдување на бременост да бидат бесплатни. За тие што не се бремени не е дефинирано што е бесплатно. Затоа мора да се направат пакети на здравствени услуги“изјави за НОВА, Душко Филиповски претседател на Здружение на матични гинеколози. 

Тој нагласи дека не е знае за наплатите во оваа ординација ниту е запознаен како функционира ординацијата.

Од Министерството за здравство и Санитарната инспекција најавија дека ќе го испитаат случајот.

„На трудници воопшто не смее да им с е наплаќаат  прегледи, ќе го испитаме случајот“, информираа од ДСЗИ и Министерството з а здравство.

Ова не е прв случај да им се наплаќа на трудници од страна на матичните гинеколозите. Затоа постојано има контроли и казните, а инспекторите тешко се справуваат со незаконската наплата. Случајот со новиот гинеколог во Шуто Оризари го отвора и етичкиот момент на лекарите, но и дилемата колку се ефикасни институциите кои вршат контрола на ординациите на матичните гинеколози во државата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.